5 факти за жените кои дури ни тие самите не ги знаат

Жените се феномен за кој мажите сметаат дека не знаат ништо, а од друга страна самите за себе мислат дека знаат сè. Но, и тоа не е точно.

5-fakti-za-zenite-koi-duri-ni-tie-samite-ne-gi-znaat-01.jpg

Сите знаеме дека во текот на животот кажуваат повеќе зборови отколку мажите и дека разликуваат повеќе бои и нијанси од спротивниот пол, но овие факти сигурно ви беа непознати до овој момент:

1. Жените подобро паметат што треба да се направи, отколку што направиле

Низ едноставен експеримент во 2015-та година е откриено дека жените подобро ги паметат активностите кои треба да ги направат во иднина, отколку задачите кои ги завршиле. Нивната меморија е така истренирана.

5-fakti-za-zenite-koi-duri-ni-tie-samite-ne-gi-znaat-02.jpg

2. Женскиот нос може да препознае дали мажот е здрав за 3 секунди

Дури и во најголемата гужва, женскиот нос може да ги намириса машките фермони и според тоа да одреди дали имунитетот е здрав или не. Сето тоа за 3 секунди.

5-fakti-za-zenite-koi-duri-ni-tie-samite-ne-gi-znaat-03.jpg

3. Жените се заљубуваат побавно од мажите

Без оглед на тоа што ја предизвикува љубовта – мозокот, срцето или хормоните, мажите обично ја чувствуваат многу порано од жените. Поточно, 25% од мажите се заљубуваат пред четвртиот состанок, додека кај жените таа бројка изнесува 15%.

5-fakti-za-zenite-koi-duri-ni-tie-samite-ne-gi-znaat-04.jpg

4. Утринското лошење при бременост е здраво

Утринските мачнини се непријатен, но позитивен знак дека детето се развива здраво и нормално. Некои истражувања одат до таму што велат дека утринското лошење е тесно поврзано со интелигенцијата на детето.

5-fakti-za-zenite-koi-duri-ni-tie-samite-ne-gi-znaat-05.jpg

5. Жените облечени во црвено предизвикуваат љубомора кај другите жени

Жените облечени во црвено обично останатите жени ги гледаат како закана за нивната врска и нивниот партнер, иако поврзаноста е тешко да се објасни. Исто така, експериментите покажуваат дека една жена никогаш нема да започне спонтан, пријателски разговор со друга жена која носи црвен фустан.

5-fakti-za-zenite-koi-duri-ni-tie-samite-ne-gi-znaat-06.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 фрази кои е во ред да ги кажете кога некому му починала блиска личност „Тој/таа беше прекрасна личност. Ги ценам моментите што ги имав со него/неа (и с...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg