„Вашето тело е забавен парк, уживајте во возењето“ - најдобрите мисли на Ентони Бордејн

Познатиот патеписец, водител и готвач, Ентони Бордејн, почина минатата недела. Тој неочекувано си го одзеде сопствениот живот на 61 година во хотелска соба во Франција.

Najdobrite-misli-na-Entoni-Bordejn-01.jpg

Покрај тоа што беше познат по неговите патеписни серијали „Без резервации“ и „Непознати предели“, Бордејн беше и писател којшто често пати во своите книги ја отсликуваше мудроста собрана од илјадниците часови поминати во кујните низ целиот свет.

Светот загуби огромен талент, гурман и хедонист. Прочитајте дел од неговите најпознати мисли за патувањето, животот и смртта:

„Ако имате 22 години, физички сте здрави, желни сте за да научите нешто и да станете подобри, ви препорачувам да патувате – колку што е можно подалеку и пошироко. Спијте на подови ако треба. Дознајте како другите луѓе живеат и готват. Учете од нив–каде и да одите.“

„Вештините можат да се научат. Карактерот е она што или го имате или го немате.“

„Патувањето не е секогаш убаво. Не е секогаш пријатно. Некогаш боли, некогаш дури и ви го крши срцето. Но, тоа е во ред. Патувањето секогаш ве менува и треба да ве менува. Тоа остава траги на вашата меморија, на вашата совест, на вашето срце и на вашето тело. Земате нешто со вас, во надеж дека ќе оставите нешто добро зад вас.“

„Без експериментирање, без желба да поставуваме прашања и да пробуваме нови работи, сигурно ќе станеме статични, репетитивни, полумртви.“

„Мислам дека основните вештини за готвење се доблест, дека способноста да се нахраните себеси и неколку други со успех, треба да ја учат секој млад маж и секоја млада жена како основна вештина, треба да биде исто толку важно за растењето како што е тоа да научите да си го избришете газот, да ја поминете сами улицата или да ви бидат доверени пари на располагање.“

„Зборот автентично стана целосно смешен, термин за снобови. Има толку многу имигранти коишто прават прекрасни мешавини од јадења со коишто пораснале додека ги јаделе. Од друга страна пак, сигурен сум дека секој пат умира по еден ангел, кога Гај Фиери става свинска кременадла на скара во нори ролничка.“

„Вашето тело не е храм, тоа е забавен парк. Уживајте во возењето.“

„Претпоставувајте го најлошото. За сите. Но не дозволувајте овој отровен поглед кон работите да влијае на вашата работа. Оставете да ви помине. Игнорирајте го. Бидете воодушевени од она што го гледате и во што се сомневате. Само затоа што некој со кого работите е разочаран, предавник, егоист, каприциозен или корумпирано копиле, не треба да ве спречи да уживате во неговото друштво, да работите со него или да ви биде интересен.“

„(Кога ќе умрам), сигурно нема да жалам за пропуштените шанси да си поминам убаво. Моите каења ќе бидат повеќе за тажната листа на повредени луѓе, разочарани луѓе, залудно потрошени драгоцени средства и прокоцкани предности.“

„Ќе бидам тука. Сè додека не ме одвлечкаат со сила настрана. Не одам никаде. Се надевам. Беше авантура. Имавме неколку жртви со текот на годините. Некои работи се скршија. Некои работи се изгубија. Но никогаш не би го пропуштил ова.“

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg