Неочекувани факти за бакнежите кои ќе ве изненадат

Бакнувањето е интимен чин меѓу двајцата партнери кој најчесто кажува многу повеќе отколку илјадници изговорени зборови.

neochekuvani-fakti-za-baknezhite-koi-kje-ve-iznenadat-01.jpg

Некои од овие факти можеби ви се познати, но никогаш не е лошо да се потсетите зошто не треба да ги штедите бакнежите. Луѓето се бакнуваат за да искажат страст, љубов и за да ја зголемат желбата едни за други.

Ова се уште неколку факти за овој прекрасен чин:

1. Паровите кои долго се бакнуваат имаат поздрава врска

Долгите и чести бакнежи ги размрдуваат сите ваши сетила. На тој начин учите каков вкус има и како мириса вашиот партнер. Бакнувањето е многу повеќе од допирање на усните. Многу врски биле спасени само кога партнерите почнале почесто и постраствено да се бакнуваат.

2. Бакнувањето задоволува слично како и сексот

Бакнувањето може да има слично задоволувачко дејство како и стимулирањето на клиторисот или пенисот. Тоа се должи на многуте нервни завршетоци кои ги има во нашите усни. Покрај тоа, за време на бакнувањето се лачи окситоцин, кој ја зголемува интимноста со личноста со која се бакнувате.

neochekuvani-fakti-za-baknezhite-koi-kje-ve-iznenadat-02.jpg

3. Бакнежите може да бидат повод за секс

Страствените бакнежи го забрзуваат чукањето на срцето и протокот на крвта низ целото тело. Потоа, го намалуваат стресот и согоруваат калории, а на крај доаѓа до посебен момент на блискост и интимност, кој го навестува следниот чекор.

4. Бакнувањето ни помага да избереме партнер

Со размената на бакнежи, ние добиваме информации за тоа дали партнерот е компатибилен со нас или пак, треба да го земаме со резерва. Тоа се должи на моќните феромони кои се лачат од нашите тела за време на страсни и интимни чинови.

neochekuvani-fakti-za-baknezhite-koi-kje-ve-iznenadat-03.jpg

5. Го затегнуваат лицето

Бакнежите го подобруваат имунитетот, но и активираат 34 мускули на лицето. Со тоа, го подобрувате нивниот тонус и ја затегнувате кожата, па затоа и кога сте вљубени всушност блескате.

6. Ја зголемува вашата самодоверба

Доволен е само бакнеж за да забележите дека партнерот е силно привлечен од вас. А, има ли подобар засилувач на самодовербата од тоа?

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 фрази кои е во ред да ги кажете кога некому му починала блиска личност „Тој/таа беше прекрасна личност. Ги ценам моментите што ги имав со него/неа (и с...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Многу улици немаат имиња и уште 7 луди факти за животот во Јапонија Повеќето Јапонци се опседнати со мајонез, многу улици низ градовите воопшто нема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg