Јаболката во маркет може да се стари и до 1 година и уште 5 чудни факти

Во случај да ви недостасува тема на разговор, овие малку познати чудни факти ќе ви завршат работа.

6 random malku poznati fakti 01

Јаболката во супермаркетите може да се стари и до една година

Ви ги нудат како свежи, но оваа информација треба да ја примите со доза на воздржаност. Вистината е дека се берат меѓу август и ноември, се премачкуваат со восок и се чуваат на ладно. После 6-12 месеци пристигнуваат во маркетот близу вас.

6 random malku poznati fakti 02

Најкратката војна во историјата траела 36 минути

Кога султанот на Занзибар починал и дошол друг на негово место без одобрување од Британија, Британците не биле воопшто среќни.

Тензијата ескалирала кога тој одбил да се покори, но на Британците и нивните воени бродови им биле потребни помалку од 40 минути да ја бомбардираат палатата и султанот да загине.

6 random malku poznati fakti 03

Ајфеловата кула требало да се гради во Барселона

Но, во Барселона надвладеало мислењето дека дизајнот на кулата е премногу грд, па Густав Ајфел ја пренаменил за Париз. Ниту Французите не биле воодушевени.

6 random malku poznati fakti 04

Британските тенкови имаат опрема за правење чај

Внатре има сад за вриење во кој војниците може да приготвуваат чај во секое време, па дури и за време на битка.

6 random malku poznati fakti 05

ПЕЗ бонбоните биле измислени за откажување од цигари

Во 1927, кога и се пуштени во продажба, биле кружни и се продавале во лименки.

6 random malku poznati fakti 06

Сините китови може да тежат колку слоновите

Нивните срца пак, може да тежат до 1 тон и чукаат само еднаш во 10 секунди.

6 random malku poznati fakti 07

A. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Продавал маички по пазари, сомнежи дека син му го убил: Кој е основачот на Mango (и како загина)? Исак Андик го основал познатиот моден бренд во 1980-тите и го претвори во компан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg