Локалните жители одат боси насекаде - Интересни факти за Нов Зеланд


Локалните жители одат боси насекаде - Интересни факти за Нов Зеланд

Кога ќе ја погледнете картата на светот, Нов Зеланд се наоѓа речиси до Австралија. Но во реалноста, растојанието помеѓу државите е околу 4.000 километри.

lokalnite-zhiteli-odat-bosi-naskeade-interesni-fakti-za-nov-zeland-01.jpg

Нов Зеланд е навистина уникатна држава, па речиси секој што се преселил таму бил воодушевен од културата и навиките на луѓето.

Во продолжение погледнете неколку интересни и необични факти за Нов Зеланд што сигурно ќе ве изненадат:

1. Локалните жители сакаат да одат боси, и тоа не само дома. Можете да сретнете боси луѓе во маркет, во трговски центар, па дури и на улица.

lokalnite-zhiteli-odat-bosi-naskeade-interesni-fakti-za-nov-zeland-02.jpg

2. Во Нов Зеланд е забрането користењето пластика за една употреба. Поради тоа, купувачите можат да земат бесплатни картонски кутии во супермаркетите.

lokalnite-zhiteli-odat-bosi-naskeade-interesni-fakti-za-nov-zeland-03.jpg

3. По пат ќе сретнете многу потсетници да понесете ваша торба за купување. Ако сепак заборавите, можете да позајмите од продавницата, и потоа да ја вратите.

lokalnite-zhiteli-odat-bosi-naskeade-interesni-fakti-za-nov-zeland-04.jpg

4. Во Нов Зеланд можете да најдете и гориво направено од отпад.

lokalnite-zhiteli-odat-bosi-naskeade-interesni-fakti-za-nov-zeland-05.jpg

5. Еден синџир супермаркети им дава бесплатно овошје на купувачите.

lokalnite-zhiteli-odat-bosi-naskeade-interesni-fakti-za-nov-zeland-06.jpg

6. Во супермаркетите можете да најдете и вакви колички за купување. На фотографијата лево е количка за луѓе со инвалидитет, а десно е количка за деца и родители. Покрај тоа, секој супермаркет нуди и бесплатни шамивчиња со кои можете да ја избришете количката.

lokalnite-zhiteli-odat-bosi-naskeade-interesni-fakti-za-nov-zeland-07.jpg

7. Секоја среда, супермаркетот Countdown приредува „час за тивко купување“, а целта е да им се даде поддршка на луѓето со нарушувања како аутизам. Во текот на овој час, светлата во продавницата се намалени, музиката е исклучена, а вработените се обидуваат да прават што е можно помалку врева.

lokalnite-zhiteli-odat-bosi-naskeade-interesni-fakti-za-nov-zeland-08.jpg

8. Дури и кога надвор е 0 степени, во Нов Зеланд сигурно ќе налетате на некој со кратки панталони и маичка. Локалните жители го прават ова уште од деца, со цел да им се зајакне имунитетот.

lokalnite-zhiteli-odat-bosi-naskeade-interesni-fakti-za-nov-zeland-09.jpg

9. Во градинките редовно одат специјалисти од разни здравствени установи и ги учат децата за болести и прва помош. Лекарите имаат и специјална детска песна која објаснува како да повикаат брза помош. Наводно, песничката е вистински хит помеѓу децата.

lokalnite-zhiteli-odat-bosi-naskeade-interesni-fakti-za-nov-zeland-10.jpg

10. Понекогаш родителите ги посетуваат децата во градинките и им покажуваат нешта поврзано со нивната работа или култура. На пример, на фотографијата се гледа ден кога децата учеле за индиската култура.

lokalnite-zhiteli-odat-bosi-naskeade-interesni-fakti-za-nov-zeland-11.jpg

11. Во Нов Зеланд нема комарци и змии, но има многу други навистина чудни животни.

lokalnite-zhiteli-odat-bosi-naskeade-interesni-fakti-za-nov-zeland-12.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Животни лекции кои ги научивме од ликовите од познатите серии Кога ги гледаме нашите омилени филмови и серии, како и ние да ги преживуваме сит...
Цитати од Душко Радовиќ: Подобро да бидеш невоспитан, отколку лошо воспитан Познатиот српски писател, поет и новинар Душко Радовиќ, голем дел од афоризмите ...
Инспиративни цитати за секоја нова мајка и нејзиното тело по породувањето Без оглед како и да се породила, телото на мајката во најголем број случаи веќе ...