Се отпишал од средно, крадел храна за да преживее – Факти за животот на The Weeknd

Неодамна, пејачот познат како The Weeknd го прослави својот 30-ти роденден.

plakal-kirija-prodavajkji-marihuana-interesni-fakti-za-zhivotot-na-the-weeknd-01.jpg

Кога ја започна кариерата, тој беше вистинска енигма, но полека почнуваме да дознаваме многу работи за него.

Иако неговите интервјуа се реткост, сепак ни даваат барем некаков увид во неговиот приватен живот, но и неговото детство.

Пејачот за себе има изјавено дека кога луѓето првпат го запознавале, секогаш им се чинел како многу поразлична личност од она што го замислувале.

Можеби следниве факти ќе го потврдат тоа:

1. Роден како Ејбел Маконен Тесфаје, пејачот одлучил неговото „уметничко“ име да биде The Weekend. Но, бидејќи во Онтарио веќе имало рок-бенд со истото име, бил присилен да направи мали промени, и така The Weekend станало The Weeknd.

2. Во 1980 тите, неговите родители од Етиопија се преселиле во Торонто. Тие никогаш не биле венчани и се разделиле, а пејачот живеел во мал стан со мајка му и баба му.

3. Пејачот најпрво научил да зборува амхарски јазик, а дури потоа англиски. Амхарскиот го зборува и денес.

plakal-kirija-prodavajkji-marihuana-interesni-fakti-za-zhivotot-na-the-weeknd-02.jpg

4. Пејачот и до денес е голем обожавател на етиописката храна.

„Најдобра е. Но многу дебели. Мислам дека уште се обидувам да ослабам од таа храна. За мајките од Етиопија важи дека ако имаат дебелко дете, значи дека добро се грижат за него“, изјави тој во 2015-та.

5. Бидејќи татко му не пружал никаква помош, мајка му работела 3, па дури и 4 работи истовремено.

6. Кога бил мал, се чувствувал многу осамено и навистина сакал да има брат.

7. Кога го прашаа како започнала романсата со Бела Хадид, пејачот изјави дека само ја побарал за соработка. Но, кога го одбила, сепак ѝ рекол да се сретнат во живо.

plakal-kirija-prodavajkji-marihuana-interesni-fakti-za-zhivotot-na-the-weeknd-03.jpg

8. На 17 години, The Weeknd се отпишал од средно и сѐ уште се сеќава на моментот кога се иселил од дома. Се сеќава како тој и неговиот најдобар пријател застанале покрај неговиот дом, го „украле“ душекот за спиење од неговата соба и го товариле во комбе. Според пејачот, мајка му му го упатила најлошиот поглед што го видел.

9. За да преживеат после бегството од дома, The Weeknd и неговите тогашни цимери краделе храна од локалната продавница. Кирија плаќале со социјална помош, но и со парите заработени од продавање марихуана.

10. Пејачот имал и средба со полицијата, која резултирала со неколку ноќи во затвор.

„На таа возраст, обично добивате втора шанса после искуство што ви ги отвора очите. Следниот чекор после тоа е целиот ваш живот. Станувате личноста која сте поради тој чекор“, изјави пејачот.

plakal-kirija-prodavajkji-marihuana-interesni-fakti-za-zhivotot-na-the-weeknd-04.jpg

11. Пејачот нашол работа, а во слободно време пишувал песни. Иако на почетокот планирал само да ги продава песните на други артисти, во 2010-та неговиот пријател објавил 3 песни на YouTube.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg