Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Протестот нема да е осуден на пропаст доколку жените се здружени – најдобрите цитати на Клара Цеткин

Пријателите и колегите ја нарекувале „Дивата Клара“ поради нејзината непомирлива природа, директноста и способноста да ги преземе најнеочекуваните акции. 

Najdobrite-citati-na-Klara-Cetkin-01.jpg

Ваквите жени вреди да се споменат не само на 8-ми Март, туку и во сосема обичен ден. Колку да се потсетиме до каде стигнавме.

Прочитајте ги најдобрите цитати на една од главните креатори на женското движење и основач на Меѓународниот ден на жената, Клара Цеткин.

За независноста:

Оние коишто не може да се движат, не ги забележуваат нивните синџири.

За одлучноста:

Кога мажите молчат, нашата должност е да го кренеме гласот во одбрана на сопствените идеали.

За скромноста:

Трудот на жената, особено привлечен за капиталистите, беше создаден не само поради ниските плати, туку и поради покорноста на жените.

За сиромаштијата:

Жените коишто работат не се единствените кои страдаат поради ниските плати. И мажите работници страдаат од овие причини.

За времето:

Има толку многу работи што може да се направат на земјата, направете ги поскоро.

За војната:

Во интерес на сопствениот профит, тие разгореа омраза помеѓу луѓето, а ова придонесе за избувнување на војната.

За хуманоста:

Кога мажите убиваат, ние жените мора да се бориме за да го продолжиме животот.

За здружувањето:

Во одредени сектори каде што трудот на жените игра важна улога, секое движење за повисоки плати, помалку работни часови, итн. нема да е осудено на пропаст, доколку жените се здружени.

За борбата:

Сите мора да се бориме и да работиме неуморно додека фашизмот кој носи крваво угнетување, терор, глад и војна, не биде целосно поразен и уништен.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Имаше проблеми со зависност, ќерка ѝ почина веднаш по породувањето: Факти за Хуанита од „Очајни дома... „Имаше луѓе кои пишуваа коментари дека посакувале да умрам поради начинот на кој...
Татко е на 5 деца, работел како модел - Се сеќавате ли на згодниот доктор Алекс Карев од Grey’s Anat... Кога ја доби улогата на Алекс Карев во хит серијата Grey’s Anatomy, актерот Џаст...
Низок е поради ретко нарушување, ја изневерил сопругата: Факти за Дени Девито Пред да се прослави, работел како фризер во салонот на сестра му. Во брак е од 1...
Во океаните се изгубени 3 нуклеарни бомби на САД и уште 9 морничави факти што ќе ве замислат Знаевте ли дека пилата била измислена како алатка што ја користеле лекарите при ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg