Секој трет е милионер, просечниот животен век е 86 години: Интересни факти за животот во Монако
На жителите на Монако им е забрането да играат во казината, всушност не смеат дури ниту да влезат во нив, освен ако не се вработени таму. Мал стан со една спална соба може да чини околу 1.5 милиони евра, а ако сакате луксуз тогаш подгответе 50 милиони евра.
Кога ќе помислите на Монако сигурно на ум ви паѓаат луксузни казина, улици по кои шетаат славните личности, скапи јахти и спортски автомобили.
Оваа мала земја уште се нарекува и „игралиште на милијардерите“, што не е изненадувачки затоа што една третина од популацијата на земјата може да се пофали со импресивно богатство. Инаку, вкупната површина на Монако изнесува 2 квадратни километри
Интересни факти за животот во Монако:
Во Монако живеат повеќе од 12.000 милијардери, а нивниот број драстично се зголемува секоја година.
На жителите на Монако им е забрането да играат во казината, всушност не смеат дури ниту да влезат во нив, освен ако не се вработени таму.
Законот постои од 19-от век, односно од самото појавување на казината. Принцот Чарлс III требало да ја извади државата од економската криза и тоа го сторил со помош на казината, но сметал дека ако им дозволи на граѓаните да се коцкааат, тогаш само ќе ја влоши ситуацијата.
Од 38.000 жители на Монако, 75% се родени во други држави, па се доселиле во Монако.
Просечниот животен век на луѓето е највисок во светот, поточно 86 ипол години, а истовремено сиромаштијата е сведена речиси на 0.
Официјален јазик е францускиот, но поголемиот дел од популацијата зборува англиски, а дел и италијански.
Државата има најголем број на полицајци по глава на жител, односно има 1 полицаец на 100 жители и токму затоа Монако е држава со најмалку криминал во светот.
Уште 7 факти на следната страна...
Би можело да ве интересира:





