Има растројство на личноста и уште 8 факти за новиот дечко на Ким Кардашијан
Има фетиш на чевли, страда од гранично растројство на личноста, а по раскинувањето на врската со Аријана Гранде ги покри сите нејзини тетоважи. Што знаеме за Пит Дејвидсон – новиот дечко на Ким Кардашијан?

Ким Кардашијан (41) деновиве и отворено покажа дека е во романтична врска со комичарот Пит Дејвидсон (28).

Пит е познт по тоа што е член на Saturday Night Live, а во минатото бил во врска со поголем број познати дами. Беше свршен со пејачката Аријана Гранде (28), а потоа беше во врска и со 20-години повозрасната актерка Кејт Бекинсејл (48), како и со ќерката на Синди Крафорд - Каја Гербер.
Во продолжение неколку интересни факти што можеби не сте ги знаеле за новиот дечко на Ким Кардашијан:
Пит морал да промени три средни училишта затоа што немал другари и бил жртва на врсничко насилство.

Првиот стенд-ап настап го имал на 16 години. Со пријателите биле на куглање, а тие го предизвикале да се качи на сцената и да го има својот прв настап.

Страда од Kронова болест и има гранично растројство на личноста. За Кроновата болест што му предизвикува постојани воспаленија на дигестивниот тракт, Пит редовно зема лекови, а поради граничното растројство на личноста Пит тешко ги регулира сопствените емоции и импулсивноста.

Пит го загубил татко му во нападот на кулите близначки на 11-ти септември 2001-та година. Татко му бил пожарникар кој бил присутен на местото на несреќата. Во негова чест Пит го има истетовирано бројот 8418, што бил бројот на неговата значка.

Пит на своето тело имаше тетоважи што се посветени на неговата бивша свршеница Аријана Гранде. Нејзините иницијали, нивната омилена песна и лого со зајачки уши, што се однесува на некоја нивна заедничка шега. Сепак по раскинувањето, тој ги покри тетоважите.

Аријана Гранде за него рече дека е мошне „надарен“ и дека го сака затоа што зрачи со енергија на голема машкост.

По раскинувањето со Аријана Гранде, Пит беше во врска со актерката Кејт Бекинсејл која е 20 години повозрасна од него.

Пит е колекционер на патики. Тој за себе вели дека чевлите му се фетиш, а неговата колекција има поголем број разнобојни патики – многу повеќе отколку што некогаш би можел да носи.

Богатството на Пит Дејвидсон се проценува на 8 милиони долари - ситница во споредба со неговата сегашна девојка Ким Кардашијан која годинава и официјално стана милијардерка според Forbes.

Прочитајте и Ја освои по разводот со Канје, бившите го фалат за „надареноста“ – Ким и Пит фатени за рака ја потврдија врската
Би можело да ве интересира:
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн...
Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?
„Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ...
Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ...
Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран?
На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ
„Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
