Црни вулкански плажи, огромен животински парк и вкусни специјалитети – Зошто Тенерифе е уникатна дестинација?

Канарските острови биле први меѓу автономните шпански региони што ги забраниле јавните борби со бикови во 1991-ва година. Уште од 1984-та година на островите воопшто немало такви спектакли заради тоа што немало интерес кај публиката за нив.

Домородното население познати како Гуанчо граделе пирамиди и се молеле на различни богови, демони и духови. Некои од пирамидите и денес се зачувани и претставуваат популарна туристичка атракција.

Во градот Гуимар денес се зачувани шест четириаголни пирамиди, кои се изградени од вулкански карпи без користење на малтер. Се смета дека тие биле изградени во 19-тиот век од страна на земјоделците што ги отстранувале камењата од почвата.

Според други пак, пирамидите биле изградени во исто време со оние во Египет и во Централна Америка и биле изградени за да ја означат копнената точка меѓу двете цивилизации.

Меѓу другите туристички атракции познат е и Siam Park кој го држи рекордот за најголема тајландска градба надвор од Азија, која има најголема статуа на змеј.

Лоро Парк е уште една мошне популарна атракција на Тенерифе, кој во 1972-ра година бил отворен како засолниште за 150 папагали, а денес има над 4.000 папагали од 350 различни видови и претставува најголемата колекција на вакви птици во светот. Освен тоа во паркот има и голем број други животински видови, а постојано се организираат претстави со нив.

Најпознато традиционално јадење е mojos - сос направен од пиперки, лук и зачини, кој најчесто се служи на компири.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега
Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ
„Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело
Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ...
Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з...
Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Продавал маички по пазари, сомнежи дека син му го убил: Кој е основачот на Mango (и како загина)?
Исак Андик го основал познатиот моден бренд во 1980-тите и го претвори во компан...