Прабабата на Камила била љубовница на прадедото на Чарлс – Која e Алис Кепел?

Нејзиниот сопруг знаел за аферата со кралот и дискретно излегувал до домот за време на нивните средби. Велел дека „не му пречи аферата затоа што знаел дека неговата сопруга на крај се враќа дома“. Како прабабата на Камила го заведе прадедото на Чарлс и дали историјата се повтори?

pra-prabata-na-kamila-bila-ljubovnica-na-pra-pradedoto-na-charls-koja-alison-kepel-01.jpg

Веста дека сопругата на Чарлс ќе ја добие титулата Кралица придружничка предизвика низа текстови за тоа како таа од љубовница успеа да стане сопруга на кралот, а истовремено многумина се присетија и на фактот дека нејзината прабаба му беше љубовница на прадедото на Чарлс.

pra-prabata-na-kamila-bila-ljubovnica-na-pra-pradedoto-na-charls-koja-alison-kepel-02.jpg

Според многумина, врската меѓу Чарлс и Камила е повторување на историјата затоа што Камила не е првата љубовница на кралот во нејзиното семејство.

Имено, нејзината пра-прабаба Алис Кепел му била љубовница на кралот Едвард Седми.

pra-prabata-na-kamila-bila-ljubovnica-na-pra-pradedoto-na-charls-koja-alison-kepel-10.jpg

Едвард Седми владеел во периодот од 1901 до 1910 година и бил најстар син на кралицата Викторија и брат на Џорџ Шести, односно прадедото на Чарлс.

pra-prabata-na-kamila-bila-ljubovnica-na-pra-pradedoto-na-charls-koja-alison-kepel-10.jpg

Прабабата на Камила била Алис Фредерика Едмонстоун позната како Фреди или (Фреди која флертува). Таа биле член на семејство од високите британски кругови, а татко ѝ бил адмирал во британската морнарица.

pra-prabata-na-kamila-bila-ljubovnica-na-pra-pradedoto-na-charls-koja-alison-kepel-04.jpg

Пораснала во замок во Шкотска и на возраст од 23 години се омажила за поручникот Џорџ Кепел.

За Алис велеле дека е вистинска убавица, заради бујната костенлива коса, крупните сини очи, тенката половина и бујните гради. За неа велат дека била мошне љубезна, дури и кон луѓето што ѝ биле непријатели.

Алис и Џорџ се преселиле во Лондон и со цел да стигне во повисоките кругови во Лондон, таа почнала афери со повеќе познати личности. Парите и контактите ѝ помогнале брзо да стане хостеса, па така го запознала Принцот Едвард Седми во 1898-ма година, кога тој имал 56 години, а таа 29.

pra-prabata-na-kamila-bila-ljubovnica-na-pra-pradedoto-na-charls-koja-alison-kepel-08.jpg

Алис и Едвард имале афера цели 12 години. Таа била љубовница на кралот од неговото крунисување, сè до неговата смрт во 1910-та година.

Велат, дека и покрај големиот број афери Алис и Џорџ имале среќен брак во кој добиле две ќерќи, а нејзиниот сопруг велел:

„Не ми е грижа што прави сè додека пак ми се враќа мене на крај“.

Кога Џорџ ќе дознаел дека кралот ќе дојде во посета на нивниот дом, тој дискретно заминувал од дома, а се знае дека Алис од аферата добила и финансиски придобивки, затоа што кралот ѝ подарил акции во команија за гума во износ од околу 7 милиони долари.

pra-prabata-na-kamila-bila-ljubovnica-na-pra-pradedoto-na-charls-koja-alison-kepel-09.jpg

За разлика од Дијана која се спротивставуваше на аферата на Чарлс со Камила, сопругата на Едвард, Александра била во најдобри односи со Алис, па дури велела дека таа повеќе ѝ се допаѓа од претходната љубовница на нејзиниот сопруг.

pra-prabata-na-kamila-bila-ljubovnica-na-pra-pradedoto-na-charls-koja-alison-kepel-07.jpg

Сепак, по смртта на Едвард, Александра ја избркала Алис од кралскиот двор.

Денес се смета дека Алис е последната љубовница на кралот на која ѝ било дозволено да биде присутна во дворот.

Алис и нејзиниот сопруг Џорџ на крај се преселиле во вила во Фиренца. Таа починала во 1947-ма година, а нејзиниот сопруг Џорџ починал само 2 и пол месеци подоцна.

Прочитајте и Од љубовница на принцот до кралица – Како Камила помина долги години на трансформација за да ја добие титулата?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg