Виц: Попови меркаат плавуши и се сончаат на Хаваи

Двајца свештеници одлучиле да одат на одмор на Хаваите. Решиле да имаат вистински летен одмор. Според тоа, не би требало да имаат ништо на себе што би покажувало дека се свештеници.

popovi-merkaat-plavusi-i-se-soncaat-na-havai-01

Штом слетал авионот, тргнале во шопинг и купиле типична туристичка облека, шорцеви, маичка, очила и сандали.

Следното утро побрзале да стигнат на плажа облечени во новата облека и сместени секој на својата лежалка. Уживајќи со пица на сонце и со убав поглед.

Одеднаш им се приближила топлес згодна плавуша. Тргнала право кон нив. Не можеле да се воздржат, а да не се загледаат во неа. Во моментот кога плавушата поминувала покрај нив, со насмевка ги поздравила: „Добро утро, оче“ му рекла на едниот, па се свртела и кон другиот: „Добро утро оче“.

Свештениците се загледале еден во друг. „Како, за божјо име, препозна дека сме свештеници?“

Уште следниот ден отишле пак на шопинг за да купат уште поубава облека и да не може никој да ги препознае.

Повторно се сместиле на лежалките и кога биле најопуштени, ете ја пак плавушата и исто ги поздравила: „Добро утро, оче“ и си продолжила по патот.

Но, овојпат не издржал едниот, па ја довикнал: „Само момент, млада дамо. Точно, ние сме свештеници и горди сме на тоа, но би сакале да знаеме како вие знаете, кога немаме на себе ништо што потсетува на тоа? “

Тогаш блондинката им одговорила: „Оче, тоа сум јас, сестра Мери...“

Би можело да ве интересира:

8 хит вицеви на тема пари и сиромаштија Што сакаш да станеш кога ќе пораснеш? - Сакам да станам милјардер како татк...
„Зошто се мучите?“: Шеговито видео од Скопски маратон - Аеродромци кулираат со гитара додека маратон... На социјалните мрежи се споделува видео од двајца мажи кои ‘кулираат’ седнати во...
Фото-компилација што ќе ве разгневи: Навики со кои луѓето ги иритираат нивните партнери Дали вашиот партнер никогаш не става нова ролна тоалетна откако ќе ја потроши ст...
Двејн Џонсон стана меме поради смешната перика во Moana: „Мене уште ми изгледа ќелав“ „Му ја ставиле првата перика што им била при рака и почнале да снимаат“, гласи е...
Наташа Беквалац и првиот сопруг имаат по 3 разводи, на Твитер се шегуваат: „Не се давај Нато, мора д... „Ова е само борба за сребро, златото одамна си го обезбеди Дарко Лазиќ“, „Е, сег...
Фото-докази дека никој не може да ве изнервира како домашните Оставање ѓубре во мијалникот, оштетен автомобил, валкана облека среде соба – нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg