Дали се вампирите стварност?

Од безбројните екранизации на Дракула, па се` до „Twilight“ и „New Moon“, заинтересираноста за вампирите е непрекината. Но, постојат ли некакви...

 

... научни објаснувања за нив? Дали зад митовите се кријат некакви факти?

Применувањето на науката во митовите и легендите не е ништо ново, тврди др. Katherine Ramsland, која предава форензичка психологија на Универзитетот DeSales, a истовремено е и авторка на книгата „Учење за вампирите“.

Проучувајќи го потеклото на митот, Ramsland го отвара прашањето, дали вампирите доаѓаат од митологијата која се темели врз стравот од смртта, или недостатокот на знаења околу распаѓањето на телото, непознатите болести или можеби и симптомот на психичката болест позната како клинички вампиризам? dali-vampirite-se-stvarnost1

1. Избегнувањето на сончевата светлина – вампирите се обично суштества на ноќта, екстремно чувствителни на сончевата светлина. Но, ова им се случува на луѓето болни од порфирија – добро позната состојба во која човекот има силна алергија на сонце.

Доколку овие луѓе ја изложат својата кожа на сончева светлина, ќе добијат болни пликови и отоци. Оваа болест е прилично ретка, но тоа не е случајот со нејзиниот поблаг облик, познат како полиморфична ерупција. Овој тип на алергиска реакција се карактеризира со силно осипување на кожата. Тоа всушност и не е алергија на сонце – повеќе претставува имунолошка реакција.

2. Бесмртноста – Според легендата, Дракула е бесмртен. Според Ramsland, науката може да го објасни и овој аспект на митот, наведувајќи ја студијата за т.н. бесмртни клетки.

Стареењето пред се` зависи од животниот век на нашите клетки. Се` додека тие се делат, ние ја задржуваме нашата младост, а структурите што се наоѓаат во самите клетки и кои се нарекуваат телометри, ја играат главната улога во делењето.

Што ги контролира теломерите? Ramsland објаснува дека „преку активноста на ензимот теломерас, може да се продолжи и активноста на теломерите преку кои се одржува младоста“. Со други зборови, во нашите клетки навистина постои некаква хемикалија која би можела да биде тајната на вечната младост, и може да го објасни митот за вампирите, кои се бесмртни.

3. Пиењето крв – комарците, лилјаците, па и некои други животни – пијат крв. Ова ретко се среќава кај луѓето – освен доколку патат од недостаток на железо, состојба уште позната и како анемија. Луѓето со ваков проблем, можат да посегнат кон алтернативното решение – крваво парче месо.

Но, недостатокот на железо и потребата за човечка крв се две различни работи, иако ова донекаде и ја објаснува оваа карактеристика која се врзува за вампирите.

4. Убивањето луѓе – физичарите Costas J. Efthimiou и Sohang Gandhi успејаа да ја побијат секоја најмала можност за постоењето на овие крволочни суштества по пат на една математичка равенка.

Тие разработија формула преку која стигнале до бројот на луѓе кои би останале по Х месеци од започнувањето на ширењето на вампиризмот помеѓу популацијата. „Заклучивме, дека доколку првиот вампир се појавил на 1ви јануари 1600 година, до јули 1602, човештвото би било целосно избришано.

Затоа увидовме дека вампирите не можеле да постојат, со оглед на тоа што нивното постоење е  контрадикторно на постоењето на човечките раси. Логичкиот доказ на кој укажуваме, истовремено е познат и под името апсурд“, се вели во нивниот извештај.

Би можело да ве интересира:

Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...
5 вицеви за брачни двојки што слатко ќе ве насмеат (и ќе ви го подобрат расположението) Во продолжение 5 вицеви што слатко ќе ве насмеат и кои ќе направат да ви тргне д...
Смешни (и тажни) дизајни на играчки - Дали би ги купиле? (фото) Некои играчки се направени според толку ужасен дизајн при што финалниот производ...
3 вицеви што слатко ќе ве насмеат Марика, откако го изневерила Перо, му објаснила: „Беше мрак, јас легнав да спија...
12 примери на луѓе кои пробаа (и не успеаја) да создадат совршена празнична атмосфера Порачувате нешто онлајн, а добивате нешто сосема друго... Или, сакате да направи...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg