Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Само 3 лица успеале да побегнат од озлогласениот затвор Алкатраз - Како им успеало?

На 12-ти јуни 1962 година, за време на утринската проверка, чуварите забележале дека Џон и Кларенс Англин, како и Френк Морис не се во нивните келии.

Во нивните кревети, тие ставиле човечки глави што ги направиле од гипс. Им ставиле и вистинска човечка коса за да ги збунат чуварите.

napravile-chamec-od-mantili-za-dozhd-nikoj-ne-znae-dali-prezhiveale-site-detali-za-poznatoto-begstvo-od-alkatraz-10.jpg

Потрагата по нив почнала веднаш, а биле известени и од ФБИ.

Додека чуварите го пребарувале затворот, агентите и полицајците го пребарувале копното на Сан Франциско и ги интервјуирале луѓето да не имаат видено нешто.

napravile-chamec-od-mantili-za-dozhd-nikoj-ne-znae-dali-prezhiveale-site-detali-za-poznatoto-begstvo-od-alkatraz-11.jpgКреветот на еден од затворениците со главата од гипс

Два дена потрагата била залудна, кога полицијата открила нешто на брегот на Сан Франциско.

Тие нашле писма адресирани до избеганите затвореници затворени во гумена торба. Нашле и две дрвени даски кои наликувале на весла, делови од гума, како и елек против давење кои си го направиле сами.

napravile-chamec-od-mantili-za-dozhd-nikoj-ne-znae-dali-prezhiveale-site-detali-za-poznatoto-begstvo-od-alkatraz-14.jpgИмпровизираниот спасувачки елек

Од ФБИ дознале дека и Ален Вест бил вклучен во планот за бегство. Но, не успеал да излезе од ќелијата навреме, па го оставиле.

Токму тој им открил детали на агентите за бегството.

Затворениците почнале да го планираат бегството уште во декември 1961-ва.

napravile-chamec-od-mantili-za-dozhd-nikoj-ne-znae-dali-prezhiveale-site-detali-za-poznatoto-begstvo-od-alkatraz-04.jpgВнатрешноста на затворот во 1986-та

Во секоја ќелија имало отвор од вентилација. Користејќи остри алатки што можеле да ги најдат низ затворот, затворениците почнале да прават дупка околу решетката што го покривала вентилот за да ја извадат.

Да нагласиме дека ова било особено макотрпна работа бидејќи морале да бидат тивки, а и напредувале мошне бавно.

Штом ја тргнале решетката, тие ја покривале како знаеле – со картон, предмети од нивните келии и слично.

napravile-chamec-od-mantili-za-dozhd-nikoj-ne-znae-dali-prezhiveale-site-detali-za-poznatoto-begstvo-od-alkatraz-07.jpgОтворот за внетилација во една од келиите

Од овој отвор, затворениците имале пристап до изолиран дел од затворот во кој немало чувари.

Овде тие си ја направиле нивната работилница каде што го правеле нивниот чамец за бегство, но и морничавите човечки глави со кои ги измамиле чуварите.

Потребните предмети и алати ги барале низ затворот – нешто краделе, а нешто веројатно добивале од другите затвореници.

napravile-chamec-od-mantili-za-dozhd-nikoj-ne-znae-dali-prezhiveale-site-detali-za-poznatoto-begstvo-od-alkatraz-08.jpgСкришната работилница на затворениците

Тие употребиле над 50 мантили за дожд за да направат импровизиран чамец.

Направиле и дрвени весла.

napravile-chamec-od-mantili-za-dozhd-nikoj-ne-znae-dali-prezhiveale-site-detali-za-poznatoto-begstvo-od-alkatraz-16.jpgЕдно од импровизираните весла

Во меѓувреме, барале и начин да излезат од затворот, не само од келиите. Притоа, морале да најдат начин да го изнесат целиот чамец без некој да ги виде.

Тие успеале да најдат отвор од вентилација кој излегувал надвор, а бил доволно голем за да ги собере.

Отворот бил на место каде што немало стражари, па сфатиле дека тоа им е најдобриот излез од затворот.

napravile-chamec-od-mantili-za-dozhd-nikoj-ne-znae-dali-prezhiveale-site-detali-za-poznatoto-begstvo-od-alkatraz-06.jpgОтворот од којшто избегале

Вечерта на 11-ти јуни, групата била подготвена.

Но, Алан Вест не успеал навреме да излезе од неговата ќелија преку отворот за вентилација, а останатите тројца не можеле да ризикуваат да го чекаат.

Тројцата затвореници излегле од градбата, ја прескокнале оградата и се искрале до брегот, каде што влегле во чамецот.

napravile-chamec-od-mantili-za-dozhd-nikoj-ne-znae-dali-prezhiveale-site-detali-za-poznatoto-begstvo-od-alkatraz-03.jpgОтворот од којшто избегале

Што им се случило оттогаш, не знае никој, а експертите имаат неколку претпоставки.

Една од нив е можноста да стигнале до брегот на Сан Франциско и дека оттогаш успешно се кријат.

Можно е и да добиле помош од нивните семејства.

Сепак, повеќето се скептични дека преживеале.

Од ФБИ го затвориле случајот за бегството на 31-ви декември 1979 година.

Оттаму го предале на друга институција која до денес пробува да открие дали мажите, иако веројатно невозможно, сепак преживеале.

Прочитајте и: Затвореник кој се преправил во неговата ќерка и уште 5 обиди за бегство од затвор кои завршиле лошо

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Брат му на Доналд Трамп и уште 4 богати наследници кои завршија неславно и трагично Брат му на Доналд Трамп, син му на Џон Ф. Кенеди, но и синот на основачот на хот...
Поправен дом во САД како од хорор-филм: Децата биле мачени и убивани, властите не сакале да го затво... Поправен дом во Флорида работел повеќе од еден век, и покрај бројните пријави и ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Фото докази од луѓе кои имале една работа – и не успеале да ја завршат како што треба Кога вработените во маркет целосно ќе ги промашат производите и ќе ги стават на ...
6 опасни професии од минатото за кои сме благодарни што веќе не постојат Собирачи на пијавици, но и чистачи на средновековни тоалети, без канализација… ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg