Како настанале 5те најпознати коктели?

kako-nastanale-5te-najpoznati-kokteli-povekjeКои се вашите омилени коктели? Имате ли некаква идеја кога прв пат почнале да се подготвуваат и од каде водат потекло? Ова се легендите...



...за 5-те најпознати коктели:

1. Том Колинс. Многумина претпоставуваат дека го добил името по вистинска личност, но и понатаму се полемизира дали навистина постоел Том Колинс и дали по себе го крстил пијалакот кој го измислил – мешавина од џин, лимон, сок од лимета и сода.

kako-nastanale-5te-najpoznati-kokteli-1

Други пак, тврдат дека овој коктел е наречен по Џон Колинс, конобар во лондонски хотел на почетокот на 19 век. Името било променето во Том кога џинот од оригиналниот рецепт бил заменет со друга марка на џин – Old Tom.

2. Блади Мери. Постојат две верзии како навистина настанал овој коктел. Едната легенда вели дека оригиналниот Блади Мери е правен од подеднаква доза сок од домати и вотка и се користел како лек за мамурлак. Овој рецепт го измислил комичарот, композиторот и продуцент Џорџ Џесел во 50тите години на минатиот век.

kako-nastanale-5te-najpoznati-kokteli-2

Втората легенда е за барменот Фернанд Петриот кој работел во хотелот St. Regis во Њујорк. Тој наводно во 40тите години го служел овој коктел под името "Red Snappers" во хотелскиот бар, а го измислил сам во 20тите години додека работел во Париз. Барменот е оној кој додал сол, бибер и Ворчестер сос.

3. Менхетн. Еден од легендарните 6 класични коктели. „Кралот на коктелите“ се прави од виски, вермут и горчлив сок, украсен најчесто со кандирана цреша.

kako-nastanale-5te-najpoznati-kokteli-3

Се смета дека е измислен во клубот Менхетен во Њујорк 1870 година. Наводно прв пат бил послужен на банкет на мајката на Винстон Черчил, во чест на претседателскиот кандидат Семјуел Џ. Тилден. Друга легенда вели дека го измислил барменот Блек во еден бар на Бродвеј околу 1860 година.

4. White Russian. Името потекнува од вотката која се користела во оригиналниот рецепт. Во времето кога е измислен, 30тите години на минатиот век, се водела голема маркетиншка кампања за тогаш непознатиот пијалак вотката.

kako-nastanale-5te-najpoznati-kokteli-4

Се прави од млеко, вотка и Калуа, а има и своја „мрачна“ верзија - Black Russian.

5. Мохито. Се подготвува со бел рум, шеќер, лимета, сода и нане. Се спомнува уште во 16тиот век. Една приказна се врзува за Куба каде овој коктел е наречен "El Draque" во чест на истражувачот и морепловец Франсис Дрејк.

kako-nastanale-5te-najpoznati-kokteli-5

Сегашното име најверојатно потекнува од кубансниот сос мохо кој се прави од лук, маслинки и сок од цитрон.

Би можело да ве интересира:

Реалноста на секоја мајка со мало дете, низ забавни илустрации Наоѓање мир среде гласното плачење на бебето, постојан неред во домот и ниту сек...
10 фотографии кои ќе ги излудат перфекционистите Погрешно ставена плочка среде идеален мозаик, жардињера со цвеќиња ставена настр...
Што претставува Вика, религиозното движење на современите вештерки? Вештерките отсекогаш биле популарна тема во приказните, митовите и легендите, а ...
5 знаци дека сте во врска со патолошки лажго, низ илустрации „Нашите тела се приспособени да ни испраќаат сигнали кога се наоѓаме во опасност...
8 мрзливи луѓе и нивните чудни „изуми“ „Може ли некој да биде поголема мрза од ова? Неверојатно дека вака ги оставил ја...
Селото со повеќе страшила отколку жители - секој кукла е направена по некој починат жител Во селото повеќе нема деца и има само 27 жители, но секоја година го посетуваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg