Како да препознаете емоционално незрела личност (и како да постапите со неа)?

Избегнувањето конфликти и незнаењето како да се постапи во одредени ситуации покажува недостаток на емоционална интелигенција. Емоционално зрелата возрасна личност сфаќа дека решавањето конфликти е дел од секоја здрава врска, знае како да ги изрази своите чувства и гледишта, без притоа да покаже гнев, агресија или тивко да замине.

kako-da-prepoznaete-emocionalno-nezrela-lichnost-i-kako-da-postapite-so-nea-01.jpg

Да се биде возрасен не значи само да се наполнат одреден број години. Тука многу повеќе станува збор за емоционалната зрелост, за тоа како умеете да се носите со себе и како се однесувате кон светот.

Не е лесно да се идентификува емоционално незрела личност, но честопати нивните однесувања може да ја издадат таа личност покажувајќи одредени особини.

Сигурно во ваша близина може да идентификувате личност која „одбива да порасне“. Тоа може да биде некој пријател, колега, па дури и вашиот партнер…

Синдром на Петар Пан

Синдромот на Петар Пан или „човек дете“ се поврзува со возрасни лица кои на некој начин се однесуваат како деца. Овој синдром најчесто се појавува кај мажите, но не се исклучени и жените.

Многу е важно да не осудувате пред време и добро да ја анализирате личноста пред да ја етикетирате на каков било начин.

За таа цел, поставете си ги прашањата:

  • Дали некогаш, во некоја дискусија, чувствувате како да разговарате со тинејџер, наместо со возрасна личност?
  • Дали однесувањето на таа личност е неодговорно, незрело и несигурно?
  • Дали сметате дека одредени особини кои првично ве привлекле кај вашиот партнер (опуштена личност, личност која сака забава…) сега ви предизвикуваат тешкотии во врската?
  • Дали мислите дека, како резултат на нивното неодговорно однесување, вие мора да работите понапорно за да ги прикриете во одредени ситуации?

kako-da-prepoznaete-emocionalno-nezrela-lichnost-i-kako-da-postapite-so-nea-02.jpg

Кои карактеристики ги има емоционално незрелиот маж?

Избегнување одговорност

Емоционално зрелиот возрасен човек ја разбира важноста да биде доследен на своите постапки и сфаќа дека секоја одлука која ќе се донесе има одредено влијание и не се плаши да се соочи со тоа.

Напротив, емоционално незрелиот маж честопати ќе ја избегнува одговорноста и ќе најде начини да ги обвини другите за сопствените грешки и неуспеси. Ова однесување е јасен знак за емоционална незрелост и покажува одбивање да ја прифатат улогата што ја играат во сопствениот живот.

Сепак, не судете предвреме и запомнете дека сите ние имаме моменти кога избегнуваме одговорност. Повременото избегнување не прави никого емоционално незрел, но ако ова е нешто што се случува постојано, тогаш можеби е време за сериозен разговор.

Тешкотии во справување со конфликти

Конфликтот е дел од животот и секој се нашол во такви ситуации, имајќи несогласување со семејството, пријателите, колегите, па дури и некои непознати личности. Избегнувањето конфликти и незнаењето како да се постапи во одредени ситуации или справување со некои личности, покажува недостаток на емоционална интелигенција.

Емоционално зрелата возрасна личност сфаќа дека решавањето конфликти е дел од секоја здрава врска, знае како да ги изрази своите чувства и гледишта, без притоа да покаже гнев, агресија или тивко да замине.

Чести емоционални испади

Кога мажот има чести и интензивни емоционални испади и тоа поради некои ситни работи, тоа е знак на емоционална незрелост. Оние кои силно реагираат на мали неуспеси, честопати се борат да се справат со своите емоции.

Од друга страна, пак, емоционално зрелата возрасна личност може да се справи со своите емоции на контролиран и соодветен начин. Ваквите личности разбираат дека чувствата се минливи и не дозволуваат привремените емоции да ги диктираат нивните постапки.

kako-da-prepoznaete-emocionalno-nezrela-lichnost-i-kako-da-postapite-so-nea-03.jpg

Недостаток на емпатија

Емпатијата е способност за разбирање на чувствата на другите. Тоа најчесто е клучната работа која ни помага да се поврземе со другите на подлабоко ниво.

Емоционално незрелиот маж честопати се бори со ова. Можеби ќе му биде тешко да се стави во туѓа кожа или ќе ги отфрли туѓите чувства како да не се важни… Овој недостаток на емпатија може да доведе до многу недоразбирања.

Преголема зависност од другите

Постои голема разлика помеѓу барањето помош и претераната зависност од другите. Емоционално незрелиот маж честопати се потпира на другите за емоционална поддршка, донесување одлуки, па дури и секојдневни задачи.

Со ова, мажот покажува дека одбива да застане на свои нозе и дека не сака да ја преземе одговорноста за својот живот.

Ова однесување може да биде емоционално исцрпувачко за луѓето околу него, да доведе до нерамнотежа во односите и да сигнализира емоционална незрелост.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Фотки кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото (и ќе ве расположат) Принцезата Дијана се ракува со маж болен од СИДА, Марлон Брандо го одбива Оскаро...
12 знаци дека сте многу позрела личност отколку што мислите Им покажувате емпатија на другите наместо да ги осудувате и кажувате „не“ без чу...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg