Како да препознаете емоционално незрела личност (и како да постапите со неа)?

Тешко прифаќа критики

Критиката, кога е нормална и е во граници, е алатка за раст. Не е секогаш лесно да се слушне, но може да ни помогне да станеме подобри верзии на себе.

Ако мажот постојано негативно реагира на критиките, тоа може да биде показател за емоционална незрелост. Тој може да стане одбранбен, лут, па дури и да ја префрли вината на некој друг.

Зрела возрасна личност е способна да прифати критика и да ја користи како начин на кој ќе се подобри себеси.

kako-da-prepoznaete-emocionalno-nezrela-lichnost-i-kako-da-postapite-so-nea-04.jpg

Неподготвеност за промена

Промените се дел од животот. Така растеме, учиме и се развиваме, па стануваме подобра верзија на себе.

Емоционално незрелиот маж честопати се спротивставува на промените, може да се држи до старите навики или начини на размислување, па дури и кога тие му предизвикуваат штета и го спречуваат да продолжи понатаму.

Кога мажот постојано се спротивставува на ова, тој ја одразува својата неподготвеност да се соочи со некои свои аспекти на кои им треба подобрување.

Спротивно на ова, емоционалната зрелост значи да се погледне на недостатоците, да се собере храброст и да се учи од искуствата.

Како да се справите со емоционално незрел маж?

Важно е уште еднаш да споменеме дека не треба лесно да „етикетирате“ некого.

Сепак, ако при повеќе ситуации сте сфатиле дека имате работа со емоционално незрела личност, односно, ако вашиот сопружник се однесува како дете, тогаш погледнете прво кон себе, затоа што можеби вие несвесно го охрабрувате тоа однесување, преземајќи ја улогата на родител.

На почетокот можеби однесувањето ви било забавно, можеби сте мислеле дека работите ќе се сменат или дека ќе ви биде предизвик партнерот да „порасне“ покрај вас.

Но, неговото детско однесување можеби ве натерало да се чувствувате дека вие треба да се грижите за него, да му давате љубов и да го водите понатаму…

kako-da-prepoznaete-emocionalno-nezrela-lichnost-i-kako-da-postapite-so-nea-05.jpg

Но, откако ќе утврдите дека незрелото однесување на вашиот партнер предизвикува проблеми во врската, тогаш постојат чекори кои може да ги преземете за да ги поправите работите:

Набљудувајте го сопственото однесување

Првиот чекор е да се запрашате како може да го подобрите однесувањето на вашиот партнер. Можеби постојат одредени аспекти од вашата личност или ваши животни искуства кои влијаеле на тоа како вие се однесувате со партнерот.

Сетете се на вашето детство. Дали чувствувавте дека треба да пораснете пребрзо? Дали бевте поодговорни затоа што требало да се грижите за помалите браќа или сестри, или за некој ваш родител?

Поставете граници и држете се до нив

Иако е важно и неопходно да постојат „здрави граници“ во вашата врска, сепак, не може да очекувате дека тоа дефинитивно ќе го „излечи“ вашиот партнер од неговото незрело однесување.

Овие граници се за ваше здравје и благосостојба. Вие не сте одговори за однесувањето на партнерот, но можете да го поддржите додека тој сака да направи промени во животот.

Исто така, може да се промените и себеси. На пример, не однесувајте се премногу заштитнички и во улога на родител или старател.

kako-da-prepoznaete-emocionalno-nezrela-lichnost-i-kako-da-postapite-so-nea-06.jpg

Побарајте помош

Можеби вашиот партнер навистина сака да се промени, но тоа не е толку едноставно. Во текот на целиот тој процес, можеби ќе треба да вклучите и работа со професионална личност, која може да го разбери неговото однесување и да му помогне во целата таа трансформација.

Емоционалната незрелост понекогаш може да биде знак дека некое лице се бори со депресија или анксиозност, па професионалецот може да ви помогне да го поддржите партнерот додека ги прави промените.

kako-da-prepoznaete-emocionalno-nezrela-lichnost-i-kako-da-postapite-so-nea-07.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com



Би можело да ве интересира:

9 ситуации кога треба да се справите со (непријатни) продавачи, низ илустрации Дали продавачи пробале да ве убедуваат дека нешто ви стои одлично само за да го ...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg