Најубавите имиња за девојчиња и момчиња родени во пролет (и нивното значење)

Вито – оној кој означува живот, исто како природата во пролет, која оживува. Ирис – име кое потекнува од прекрасниот цвет, а го носат радосни личности. Какво име да му дадете на вашето бебе кое го очекувате во пролет?

najubavite-iminja-za-devojchinja-i-momchinja-rodeni-vo-prolet-i-nivnoto-znachenje-01.jpg

Многумина велат дека најубавиот период да се роди бебе е токму пролетта.

Времето е идеално за прошетки со новороденче, а будењето на природата и сонцето ни ја греат душата уште повеќе.

Доколку очекувате бебе оваа пролет, можете да размислите за имиња кои се симбол на животот и пролетта.

Во продолжение неколку идеи за имиња за деца родени во пролет.

Имиња за девојчиња:

Лада – потекнува од словенската божица љубовта, плодноста и убавината која се буди во пролет. Името исто така значи боженствена, сакана и величествена.

Флора – невообичаено, но целосно се усогласува со природата за оние кои сакаат уникатни имиња. Доаѓа од латинскиот збор „florus“ што значи процветано, раскошно и бујно, а воедно Флора е и божица на пролетта и цвеќињата во римската митологија.  

Маја – едно од почестите имиња, но со прекрасно значење. Маја е божица на полињата, плодовите и плодноста, се поврзува со пролетта, а по неа е наречен и пролетниот месец мај. Името се поврзува со луѓе со силен карактер, кои се во исто време и мили и пријатни.

Аурора – таа е римска божица на зората и утрото, го носи значењето „зора“, а по неа се нарекува и поларната светлина „Aurora Borealis“. Ова име го носат личности кои се ведри и убави како утринска роса.

Ирис – ова име потекнува од грчката митологија, од божицата на виножитото. Истовремено, ова име го носи и прекрасниот цвет ирис, а името го носат личности кои се радосни и светли како виножито.

najubavite-iminja-za-devojchinja-i-momchinja-rodeni-vo-prolet-i-nivnoto-znachenje-02.jpg

Имиња за момчиња:

Вито – името потекнува од латинскиот збор „vita“, што означува живот, жив и полн со живот, па токму затоа е поврзано со пролетта, кога природата оживува и одново се раѓа.

Нео – потекнува од латинскиот збор кој означуива „нов“. Ова име симболизира нов почеток, а со тоа е создадено за деца родени во пролет кои означуваат нов живот.

Лука – ова е едно од попопуларните имиња кај нас во последниве години, а е и популарно библиско име. Доаѓа од зборот „lux“ што означува светлина, но и од зборот „lucus“ што значи шума, а го носат светли личности со духовна чистота.

Невен – можеби попопуларна е женската верзија Невена, но иако ретко, се користи и за момчињата. Доаѓа од глаголот венее, а означува некој што не венее и е вечно млад. Истовремено, името се поврзува и со истоимениот портокалов, нежен цвет.

najubavite-iminja-za-devojchinja-i-momchinja-rodeni-vo-prolet-i-nivnoto-znachenje-03.jpg

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
Никола, Ана: Имиња кои означуваат среќа и се благослов за тие што ги носат Лука - Име кое често се поврзува со светлина и добри работи, а последниве години...
6 уникатни имиња за девојчиња, инспирирани од боите Безвременски, уникатни и инспирирани од боите со кои е опкружен светот околу нас...
„Дознав дека маж ми е педофил – ми се гади од пораките што ги праќал до девојчиња, во затвор е за си... „Ми се јави сопругот и ми кажа дека го испрашувале во полиција. Бил под истрага ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg