Сигурни знаци дека некој ве лаже, според ФБИ агент

Кои знаци може да ги разоткријат личностите што се обидуваат да ве излажат? На кои детали треба да обрнете внимание?

sigurni-znaci-deka-nekoj-ve-lazhe-spored-fbi-agent-01.jpg

Телото секогаш ве издава кога лажете. Колку и да се обидувате да се скриете, оние што се искусни во читањето на говорот на телото веднаш ќе ве разоткријат.

Според ФБИ агент, постојат 3 сигурни знаци што секогаш укажуваат на тоа дека некој се обидува да ве излаже.

Скот Тејлор е поранешен ФБИ агент кој бил задолжен за испрашување на заробените во Гвантанамо, а е експерт за откривање на изразите на лицето, детектирање лаги, како и за детално толкување на исказите.

Според него не постои една клучна работа што може да ги разоткрие лажговците, туку повеќе ситни детали што ќе ги забележите ако сте внимателни.

На кои детали треба да обрнете внимание?

Често оближување на усните

Кај луѓето што лажат, често може да се забележи како ги оближуваат усните.

Според детективот, тоа е заради тоа што во телото се ослободува хормонот за стрес, кортизол, кој освен другото предизвикува и сува уста и го забавува лачењето на плунка во устата.

sigurni-znaci-deka-nekoj-ve-lazhe-spored-fbi-agent-02_copy.jpg

Често трепкање со очите

Скот нагласува дека вообичаено трепнуваме од 12 до 14 пати во една минута, но кога сме под стрес затоа што лажеме, можно е да почнеме да трепкаме повеќе од вообичаено.

Најчесто луѓето почнуваат да трепкаат зачестено веднаш откако ќе ве излажат, па ако не сте сигурни дали некој ви ја кажува вистината добро е да обрнете внимание на овој знак.

sigurni-znaci-deka-nekoj-ve-lazhe-spored-fbi-agent-03.jpg

Отежнато голтање/поголтнување

Слично како оближнувањето на усните, и видливото подголтнување може да биде резултат на сувата уста и грло.

Често тоа го правиме несвесно, па затоа е знак на којшто дефинитивно треба да му обрнеме внимание, кога сакаме да разоткриеме дали некој ни ја кажува вистината.

sigurni-znaci-deka-nekoj-ve-lazhe-spored-fbi-agent-05.jpg

Допирање на лицето

Луѓето што лажат може да го покажат стресот под којшто се наоѓаат така што ќе почнат да го допираат лицето, стомакот или, пак, со рацете да го прекриваат делот околу меѓуножјето.

Сепак, овие знаци мора да ги ставите во поширок контекст за да бидете сигурни дека личноста не ви ја кажува вистината. Добро би било да не избрзувате со заклучоци пред да ги соберете сите факти.

sigurni-znaci-deka-nekoj-ve-lazhe-spored-fbi-agent-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
6 знаци дека трошите неконтролирано (и не знаете каде ви одат парите) Секој ден купувате кафе наместо да си носите од дома, постојано купувате оброци ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg