Како „од око“ да познаете дали намирниците се свежи пред да ги купите или употребите?

Дали знаевте дека оризот што го чувате подолго од 1 месец на собна температура може да биде расипан? Како да препознаете дали месото е свежо и треба ли да се загрижите ако млекото има жолтеникава боја?

kulinarski-tajni-za-od-oko-da-gi-izberete-najsvezhite-proizvodi-za-vashite-specijaliteti-01.jpg

И најдобрите рецепти нема да бидат вкусни ако се обидете да ги правите со стари производи кои ја загубиле својата свежина.

Кулинарите добро знаат кои производи се најдобри и внимаваат при изборот со цел нивните специјалитети да го имаат посакуваниот вкус.

На кои работи треба да обрнете внимание?

Риба

Кога купувате риба прво на што треба да обрнете внимание е мирисот. Свежата риба нема силен и одбивен вкус.

Друг детаљ на којшто треба да обрнете внимание е пределот кај жабрите. Свежо уловената риба обично има црвена боја (од крвта) во овој дел.

Замрзнатата риба исто така не треба да има тежок мирис.

Треба да знаете дека свежата риба мора да ја подготвите во рок од 1-2 дена (доколку ја чувате во ладилник), а замрзнатата може да стои во замрзнувач од 3 до 8 месеци.

kulinarski-tajni-za-od-oko-da-gi-izberete-najsvezhite-proizvodi-za-vashite-specijaliteti-02.jpg

Месо

Тешко е точно од око да се открие дали месото е свежо, но можете да обрнете внимание на неколку работи.

Свежото месо има посветла боја, а при допир тоа е поцврсто и најчесто брзо се враќа во оригиналната форма, додека кај она што е постаро, останува вдлабнатина од прстите.

kulinarski-tajni-za-od-oko-da-gi-izberete-najsvezhite-proizvodi-za-vashite-specijaliteti-03.jpg

Млеко

За да познаете дали млекото е добро за употреба ќе мора да ги проверите вкусот и мирисот.

Обично свежото кравјо млеко е бело, но понекогаш полномасното домашно млеко може да има и жолтеникава боја.

Ваквата промена на бојата не треба да ве загрижува, и најчесто се должи на нивото на каротените што кравите ги внесувале преку исхраната.

kulinarski-tajni-za-od-oko-da-gi-izberete-najsvezhite-proizvodi-za-vashite-specijaliteti-04.jpg

Житарици

За да имате секогаш свежи житарици неопходно е да водите сметка за нивниот рок на траење.

Пченката, пченицата, оризот и овесните снегулки е најдобро да ги искористите еден месец откако ќе ги отворите (ако ги чувате на собна температура).

Во ладилник тие може да останат свежи и до 5 месеци.

kulinarski-tajni-za-od-oko-da-gi-izberete-najsvezhite-proizvodi-za-vashite-specijaliteti-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
8 секојдневни работи кои ни го празнат паричникот (а за нив има поевтина замена) Салата пакувана во кесичка, памук за чистење шминка, облека за специјални пригод...
15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...
Носи само жолта облека - Кој е „жолтиот човек“ од Сирија и зошто веќе 40 години е опседнат со оваа б... На раздвижените улици во Алепо, Сирија, постои личност која ја буди љубопитноста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg