Секоја вечер е Нова година!

sekoja-vecer-e-nova-godina-povekjeШто правевте за Нова година? Работевте? Не си поминавте убаво? Купивте скапо фустанче и немате прилика каде пак да го облечете? Би сакале ли...


...уште една шанса за пречек на оваа година? Нема да ви треба временска машина, единствено ќе треба да стигнете до ноќниот клуб Purga во Русија.

На ова место секоја ноќ е новогодишна, а идејата е толку популарна што по Санкт Петербург, се отвори Purga клуб и во Москва.

sekoja-vecer-e-nova-godina-1

sekoja-vecer-e-nova-godina-2

Заедничката еуфорија и празничната атмосфера се најубавите нешта кај дочекот на следната година, а со забавите во Purga го добивате токму тоа без дополнителни трошоци како купување подароци и украсување на домот.

Овде секоја вечер одново се создава новогодишната возбуда со многу празнични декорации, весели костими, интересни игри, караоке натпревари и неколку професионални актери ангажирани да ги развеселат присутните. Освен со Дедо Мраз, шампањ и жижици атмосферата се дополнува и со пуштање на новогодишната ТВ честитка од Путин.

Па ако е потребно да се слави Нова година за сите лица во клубот да бидат насмеани, опуштени и пријателски расположени се надеваме дека вакви лажни прослави ќе започнат и кај нас во Македонија.

З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Основни правила за носење чанта кои секоја девојка со стил треба да ги знае Не одете на формални настани со приврзоци на чантата кои делуваат детски или тро...
13 драстични трансформации кои ќе ве воодушеват (фото) Драматичните трансформации не се случуваат само во филмовите или во реалните шоу...
Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (... Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...
„Изгледаш добро за годините“ и уште 8 најглупави коментари кои ги добиваат жените во Македонија Иритантен коментар во Македонија e кога маж е дома со децата, додека жената е из...
10 чудни однесувања на личностите кои длабоко во себе се чувствуваат осамено Кои се знаците дека некој тајно се бори со осаменоста, но тоа нема да го признае...
Дишење опасни гасови, хероин: Бизарни лекови за настинка и грип од минатото Во минатото, луѓето верувале дека со испуштање крв, телото се чисти од токсини, ...

Најчитани неделава