8 фрази кои оставаат впечаток на помалку интелигентна личност ако често ги изговарате (дури и несвесно)

Размислете, колку пати сте сакале да префрлите вина на некој друг? Дали прерано се откажувате и ги сметате работите за „невозможни“, без притоа да побарате алтернатива? Изговарањето на овие неколку фрази може навистина да остави впечаток дека сте помалку интелигентна личност, која не е способна за прифаќање промени, нови можности, личен раст и развој.

frazi-koi-ako-gi-izgovarate-chesto-kje-ostavite-vpeachatok-na-pomalku-inteligentna-lichnost-01.jpg

Зборовите треба да се избираат внимателно, зашто тие може да кажат многу повеќе од она што го изговарате.

Некои фрази едноставно не се вклопуваат во секоја пригода, а освен тоа, може да остават и впечаток на помалку интелигентна личност.

Затоа, нареден пат добро размислете дали нешто вреди да го изговорите, или сепак можете да најдете алтернативен пат кој ќе остави поинаков впечаток за вас.

8 фрази кои уште веднаш ќе покажат дека сте помалку интелигентна личност:

„Јас не сум читач“

Помислете, колку често ја изговарате оваа реченица? Читањето е навика поврзана со интелигенција, а освен тоа го проширува знаењето, вокабуларот и ве носи во нови светови.

Изјавувајќи дека не читате, ненамерно кажувате дека ви недостасува љубопитност, па така, луѓето претпоставуваат дека не учите или не растете.

„Не треба да го запишам ова“

Ако не запишете нешто важно, зашто сметате дека ќе може да го паметите, тогаш може да заборавите на важни задачи и детали, а притоа да оставите впечаток на преголема самодоверба и неорганизираност.

Според психологијата, запишувањето на работите не значи слаба меморија или помала интелигенција, туку покажува организација, внимание на деталите и дека сте сериозни во врска со вашите обврски.

frazi-koi-ako-gi-izgovarate-chesto-kje-ostavite-vpeachatok-na-pomalku-inteligentna-lichnost-02.jpg

„Не е моја вина“

Оваа фраза се користи многу често, а може да направи да изгледате помалку интелигентни.

Обвинувањата на другите за вашите грешки или неуспеси, не само што лошо се одразува на вашиот карактер, туку сугерира и на недостаток на самосвест и лична одговорност.

Секако дека не треба да преземате вина за нешто што не е точно, но од суштинско значење е да се соочите со вашите грешки кога ќе ги направите.

„Веќе го знам ова“

Според психологијата, оваа фраза уште веднаш може да направи да изгледате помалку интелигентни.

Зошто? Затоа што со ова ја исклучувате можноста за учење и раст. Ако кажете дека нешто веќе знаете, особено со нетрпелив тон, може да оставите впечаток на арогантен и затворен ум.

Интелигентните личности знаат дека учењето е доживотно патување и дека секогаш има да се открие нешто ново.

frazi-koi-ako-gi-izgovarate-chesto-kje-ostavite-vpeachatok-na-pomalku-inteligentna-lichnost-03.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
„Дигитални номади“ за тешката страна на нивниот живот: „Убаво е само ако имаш многу пари“ „Повеќето од нас се осамени бидејќи односот со луѓето што ги запознаваме е генер...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg