Бонтон правила за на маса од земјите ширум светот, кои се многу поразлични од нашите
Сенегал
Делењето оброк во Сенегал се гледа како можност да се зајакне односот меѓу луѓето.
И во оваа земја се јаде без прибор, па важно е да се измијат рацете. Храната обично е послужена во голема чинија што ја делат сите.
Египет
Во Египет е неучтиво да побарате сол или нешто слично бидејќи со тоа го навредувате готвачот.
Луѓето ѝ се заблагодаруваат на личноста која го направила јадењето и обично бараат уште една чинија, за да покажат дека им се допаѓа.
Италија
Главно Италијанците имаат исти навики за јадење како нас, но имаат неколку поразлични правила.
Најпрво, тие не пијат кафе со млеко по 11 часот, туку само еспресо. Исто така, не треба да пие кафе како капучино по оброк, бидејќи може да создаде проблеми со дигестијата.
Можеби најважното правило што важи кај Италијанците е дека тестенините никако не смеат да се сечат со нож.
Тајланд
Во Тајланд виљушките имаат поразлична намена. Тие не се користат за да ја ставите храната во уста, туку служат само како помагало за полесно да ја ставите храната во лажица.
Чиле
Во Чиле јадењето без прибор се смета за многу неучтиво, дури и за храна како пица или сендвич.
Тие сметаат дека храната не треба да се допира со раце, дури и ако е наменета да се јаде без прибор.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





