Во пожар на маратон ѝ изгореле 65% од телото, имала 200 операции: Инспиративната приказна на Турија Пит од Австралија
Кога Турија почнала да ја губи и последната надеж, пристигнале спасувачките екипи со хеликоптер.
„Ми помогнаа да станам и се упатив кон хеликоптерот. Не можев да слушнам ништо од вревата од пропелерите. Не се сеќавам на ништо од летот. Не го запомнав ни пилотот, сè додека не го сретнав повторно шест месеци подоцна. Но, тој беше мојот спасител“.
Сите три жени кои биле заглавени заедно се здобиле со изгореници, но состојбата на Турија била најкритична.
Бидејќи ѝ биле изгорено 65% од телото, Турија била во индуцирана кома цел месец. Морале да ѝ ги ампутираат сите прсти на десната, како и два прста на левата рака. Поминала шест месеци во болница, период во кој ѝ биле направени 200 операции.
Додека траело закрепнувањето (околу две години) Турија морала да носи костим за компресија и маска која можела да ја отстранува само еден час дневно.
Турија ги тужеше организаторите на маратонот и во 2014 година направија спогодба надвор од судница.
Во меѓувреме, независна истрага покажала дека неколку пропусти од страна на организаторите довеле до трагедијата.
Најпрво, не ги предупредиле натпреварувачите за можната опасност од пожар, а притоа немале направено ни план за евакуација во случај на пожар. Исто така, комуникацијата помеѓу натпреварувачите и службите за итни случаи била многу лоша.
Турија, пак, не дозволила несреќата да ја спречи да живее исполнет живот. По закрепнувањето, го изоди Големиот кинески ѕид како и таканаречената „Патека на Инките“ Мачу Пикчу.
Се има натпреварувано и во други маратони и има издадено три книги.
Во сите премрежја и достигнувања, покрај неа бил Мајкл, кој денес ѝ е свршеник и со кого има две деца.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





