Страв им е да одат во тоалет, работат 60 часа неделно: Страшните услови за работа во магацините на Amazon

Не им се дава медицинска помош

Еден од поголемите инциденти со кои се соочи Amazon е од 2017 година, кога работник почина од инфаркт.

Работникот Томас Бекер имал инфаркт додека бил на смена и неговите колеги веднаш ургирале кај менаџерите да повикаат брза помош. Но, менаџерите прво почнале да бараат лични податоци од вработените, наводно бидејќи ги сметале за сведоци.

Се јавиле во брза помош дури по 25 минути, а кога болничарите пристигнале, не им дозволиле веднаш да влезат во складот од најблискиот влез, туку ги терале да вртат одоколу, за што им требале уште 7 минути.

Кога конечно стигнале до Томас Бекер, тој веќе бил починат.

Според информациите достапни во јавност, никој не одговарал за ова.

strav-im-e-da-odat-vo-toalet-rabotat-60-chasa-nedelno-strashnite-uslovi-za-rabota-vo-magacinite-na-amazon-05.JPG

Работат и до 60 часа неделно

Работниците во складовите најчесто работат 10-часвни смени, четири дена во неделата. Но, во периодот околу Божиќ, кога продажбата се зголемува, работниците немаат избор освен да работат и до 60 часа неделно.

Ако некој сака да земе слободен ден во овој период (кој не му е платен), ризикува да добие отказ.

Во празничната сезона се зголемува и бројот на повреди, а некои работници колабираат од премор поради напорната работа.

strav-im-e-da-odat-vo-toalet-rabotat-60-chasa-nedelno-strashnite-uslovi-za-rabota-vo-magacinite-na-amazon-06.JPG

Многу работници се депресивни

Од 2013 до 2018 година, итните служби интервенирале најмалку 189 пати за да спречат обид за самоубиство во складовите на Amazon.

Иако работниците може да имале суицидни мисли од разни причини, кај голем дел од нив, депресијата била предизвикана од нереалните барања на работа.

„Во овој пекол луѓето редовно доживуваат нервен слом. Не е лесно да се прави истата задача со огромна брзина, по десет часа дневно“, има изјавено поранешен работник.

strav-im-e-da-odat-vo-toalet-rabotat-60-chasa-nedelno-strashnite-uslovi-za-rabota-vo-magacinite-na-amazon-07.JPG

Amazon сака да ги замени работниците со роботи

Оние кои го критикуваат Безос го сметаат за алчен и велат дека милијардите ги има заработено на грбот на работниците што ги експлоатира.

Критиките кон милијардерот само се засилија откако се дозна дека наместо да ги подобри условите за работа на работниците, планира да ги опушти сите и да ги замени со роботи.

Исто така, планирал да ги претвори складовите во таканаречени „темни фабрики“ во кои нема луѓе, а поради тоа ќе нема потреба ни од осветлување.

Погледнете и: „Темните фабрики“ станаа хит во Кина - целосно автоматизирани објекти без луѓе и осветлување

strav-im-e-da-odat-vo-toalet-rabotat-60-chasa-nedelno-strashnite-uslovi-za-rabota-vo-magacinite-na-amazon-08.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Одговори на прашања што сигурно сте си ги поставиле барем еднаш Зошто славиме роденден со торта, но и зошто исечениците од хартија болат толку м...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg