Експерименти со деца, телепатија: Лудата теорија на заговор што е инспирација за Stranger Things
Позната како „Проектот Монток“ (Project Montauk) во оваа теорија на заговор има од сè по нешто – од експерименти на киднапирани деца и натприродни истражувања, до контакт со вонземјани и патување низ времето. И, е главна инспирација за хит-серијата Stranger Things.

Иако Stranger Things една од најпознатите серии моментално, малкумина знаат за теоријата на заговор што ја инспирирала.
И, веројатно ова се должи на фактот што теоријата е премногу луда дури и за стандардите на луѓето кои цврсто веруваат во заговори.

Позната како „Проектот Монток“ (Project Montauk) во оваа теорија на заговор има од сè по нешто – од експерименти на киднапирани деца и натприродни истражувања, до контакт со вонземјани и патување низ времето.
Иако можеби самата теорија не е вистинита, предизвикува интерес бидејќи не е лага дека во минатото ЦИА правела вознемирувачки експерименти во кои биле вклучени луѓе.

Па, што знаеме за приказната што ја инспирира популарната серија?
Мистеријата почна да привлекува внимание поради книга
Монток е област во државата Њујорк каде одамна имало воени објекти кои ѝ биле познати на јавноста.
Никој не претпоставувал дека овде се случува нешто чудно, сè до издавањето на книгата The Montauk Project: Experiments in Time од авторот Престон Николс.
Дотогаш постоеле шпекулации дека во државата Њујорк се прават експерименти за психолошки оружја, а книгата, издадена во 1992-ра, ги поврзала со базата во Монток.

Авторот самиот работел во базата
Престон Николс тврди дека почнал да ја пишува книгата откако почнале да му се враќаат сеќавања од неговата позиција во „Проектот Монток“.
Наводно, бил вклучен во класифицирани експерименти за контрола на умот и телепатија, па дури и отворање портали до други димензии (како во Stranger Things).

Според него, за експериментите биле киднапирани и деца без родители, а сето ова се одвивало под контрола на власта во САД.
Проектот бил финансиран со нацистичко злато запленето за време на Втората светска војна.
Бидејќи луѓето сакаат теории на заговор, книгата брзо се прославила, а набрзо и други луѓе почнале да излегуваат со тврдења дека биле дел од експериментите.

