Експерименти со деца, телепатија: Лудата теорија на заговор што е инспирација за Stranger Things
Барале луѓе со „натприродни“ моќи
Во својата книга, Престон вели дека самиот работел на направа со која ги зголемувал моќите на луѓето со натприродни моќи.
Слично како во Stranger Things, со овие натприродни моќи пробувале да отворат портали во други димензии, да шпионираат, да користат телекинеза...
За овој експеримент има зборувано и друг маж чии сеќавања наводно се вратиле.
И тој тврдеше дека работел на уредот, заедно со Престон.
Според него, уредот се користел и за шпионирање на далечина – нешто како моќта на девојчето од Stranger Things.

Интересно е што за време на Студената војна, од ЦИА навистина разгледувале вакви опции. Но, дали навистина постигнале нешто, и дали воопшто е возможно нешто такво, останува мистерија.
Во својата книга, Престон и го опишува експериментот:
„Првиот експеримент се викаше ’Окото што гледа‘. Со прамен од нејзината коса или друг личен предмет во рака, испитаникот можеше да се фокусира на личноста и да може да види преку нејзините очи и да слушне преку нејзините уши. Би можел да гледа низ други луѓе, каде и да се наоѓаат“.

Киднапирале деца за експериментите
Едно од највознемирувачките тврдења на Престон е дека за експериментите се користеле деца, некогаш и на 4-годишна возраст.
Обично киднапирале деца бездомници бидејќи никој не ги барал.
Престон тврди дека децата трпеле толку сериозно психолошко оштетување, што не се ни сеќавале на експериментите.

По издавањето на книгата, почнаа да се огласуваат луѓе кои тврдеа дека како деца биле дел од бизарните експерименти.
Една од најпознатите приказни е онаа на Стјуард Свердлов, 52-годишен маж од Мичиген, кој во интервју за The Sun споделуваше детали од наводното трауматично искуство.
„Кога почнаа експериментите, на мета им беа деца како сираци, бездомници или деца на зависници од дрога. Деца кои никој не би почнал да ги бара.
Целта беше да ни го скршат умот за да можат да нè програмираат. Ни ја менуваа температурата од многу жешка до многу студена, нè изгладнуваа или нè присилуваа да се прејадеме.
Се сеќавам дека еднаш ме тепаа со стап. Некогаш користеа и дрога како ЛСД“.

Проектот наводно бил напуштен во 1980-тите
Според Престон, крајот на експериментите дошол во раните 1980-ти, бидејќи дури и истражувачите сметале дека одат предалеку.
Тој вели дека самиот сведочел на некаква натприродна појава, па заедно со другите истражувачи почнале да бунтуваат дека е време да се стави крај.
Сфатиле дека си играат со сили што не ги разбираат и ризикот е преголем.

Додава дека ја уништиле целата опрема, а властите го прикриле целиот експерименти и им ги „избришале“ сеќавањата на сите вклучени, како Престон.
Подземните лаборатории каде што се одвивале експериментите биле наполнети со цемент.
Дел од градбите во Монток стојат и денес, а луѓето кои живеат во близина сметаат дека голем дел од приказните се измислици.
Сепак, сигурни се дека барем за време на Студената војна, во објектите сигурно се правело нешто нелегално.
„Без сомнение приказните се преувеличени. Но, не се сомневам дека се случувало нешто за време на Студената војна.
Дури и денес, во базата постојано има обезбедување. Очигледно, не сакаат луѓето да знаат што има таму“, има изјавено локалец за The Sun.

Иако можеби приказната за проектот Монток звучи лудо, факт е дека ЦИА има правено слични експерименти.
Најпознат е таканаречениот Project MK-Ultra во чиј склоп се изведувале психолошки експерименти, а испитаниците биле третирани сурово.
Па, можеби во целата приказна, некои делови се вистинити, барем оние што звучат пореалистично.
Прочитајте и: Сите детали за скандалозниот и нелегален проект на ЦИА за контролирање на луѓе (опојни супстанции и физичка тортура)
Спирова С. | Црнобело
