„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да избегам“
„Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучуваше во спалната соба, ми го одземаше телефонот. Затоа, престанав да излегувам... Се изолирав од сите“.

Отстрана е многу лесно да им се судри на жртвите на семејно насилство.
Зошто почнале врска или стапиле во брак со насилен партнер, зошто не си заминале порано и сличните прашања често се изговор за да се впери прстот во жртвата.
Но, многумина забораваат дека насилниците не го покажуваат своето вистинско лице на почетокот. А, кога ќе си го покажат, жртвата е уценувана и може буквално да стравува за својот живот или за своите блиски ако го напушти партнерот.
Некогаш, пак, жртвите не се ни свесни дека се изложени на малтретирање, особено ако е посуптилно и само психичко.
Сакајќи да тргне стигмата со која се соочуваат жртвите на семејно насилство, анонимна читателка на Daily Mail ја споделува својата трауматична приказна.
Сара (чие вистинско име е сменето во статијата) го запознала нејзиниот поранешен сопруг во своите 20-ти.
Сара имала тешко детство и одлучила да се запише на факултет што е можно подалеку од семејниот дом. По завршувањето на студиите останала во истиот град и почнала да работи во фирма за недвижности.
Овде го запознала Алекс (сменето е и неговото име), кој работел во истата фирма.
„Беше харизматичен, згоден – една од најинтелигентните личности што сум ги сретнала. По само неколку недели ги запознав неговите браќа и одев на ручеци со неговото огромно семејство – нешто што отсекогаш сум го посакувала.
Врската се развиваше брзо, па по неколку состаноци, почнав да живеам со него“.
Но, штом почнале да живеат заедно, Алекс како да пробувал да ја контролира Сара. Сепак, на почетокот ова било толку суптилно што таа не била ни свесна.
„Што и да направев, не му се допаѓаше. Најбанални работи. Еднаш отидовме на плажа, а тој си замина бидејќи мислеше дека сум гледала во друг маж.
Кога почнав да работам во друга компанија и сакавме да се држиме со колегите, морав да го прашувам за дозвола. Потоа требаше да му кажам што ќе носам – никако не смеев да носам нешто поразголено, како блуза со V израз.
Кога ќе се вратев од дома, секогаш ме испрашуваше, со кој сум разговарала и слично. Некогаш се разгневуваше од моите одговори.
Кршеше предмети, ме заклучуваше во спалната, ми го одземаше телефонот. Па, по некое време престанав да излегувам со колегите, беше многу заморно“.
Сара споделува и една од потрауматичните ситуации со Алекс. Била излезена во дискотека со пријателка и нејзиниот сопруг.
„Алекс дојде во дискотеката и ме гледаше отстрана. Малку ме исплаши, па се вративме дома кај пријателката.
Алекс си отиде дома и ми ја запали целата облека пасошот, моите дневници. Како да ми го избриша целиот живот. И, најстрашно е што јас повторно се вратив дома кај него“.
Сара истакнува дека Алекс го контролирал секој дел од нејзиниот живот и ѝ ја срушил самодовербата.
„Секој ден рушеше мал дел од мојата самодоверба за да престанам да се ценам себеси. Беше интелигентен и знаеше како да ме манипулира. По секој разговор успеваше да ме убеди дека тој е во право.
Многу добро знаеше и како да бара прошка. Ми оставаше цвеќе во автомобилот, ми се извинуваше, кажуваше дека бил гневен бидејќи ме сакал.
По некое време толку многу ме изолира од сите, што немав никој на светот. Кога не ги послушав пријателите и му се вратив, ги изгубив и нив. Почнав да се срамам од себе“.
