„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да избегам“

Сара била во средината на 30-тите, но и со две деца од Алекс кога се охрабрила да го напушти.

prvo-beshe-harizmatichen-no-stana-nasilen-mi-ja-zapali-celata-obleka-2-godini-se-podgotvuvav-da-izbegam-04.JPG

Сепак, вели дека морала да направи детален план за да ги спаси и децата.

„Мајчинството како да промени нешто во мене. Едно беше јас да живеам во таква врска, но не можев да дозволам и моите деца да живеат така.

Знаев дека морам да си заминам, а за да го направам тоа, морав да бидам финансиски независна. Додека ќерка ми беше бебе, отворив своја маркетинг агенција и тоа ме спаси.

За две години заработував повеќе од доволно за мене и за децата. И, тогаш си заминав“.

Но, пред да си замине, Сара внимателно го испланирала секој чекор.

Нашла нов дом, платил за екстра обезбедување на вратите и прозорите, ја организирала секоја ситница, а му кажала на Алекс дека ќе си оди дури на самиот крај.

prvo-beshe-harizmatichen-no-stana-nasilen-mi-ja-zapali-celata-obleka-2-godini-se-podgotvuvav-da-izbegam-05.JPG

Наредните неколку години биле далеку од лесни – Сара се спасила од насилникот, но тој почнал да се бори за старателство. Дури трипати биле на суд.

Во меѓувреме, Алекс се преженил, а истата судбина ја снашла и неговата втора сопруга.

Но, една ноќ, таа повикала полиција бидејќи Алекс вперил оружје кон неа. Го уапсиле, а дури тогаш Сара добила целосно старателство над децата.

Иако проблемите со Алекс завршиле, Сара признава дека ѝ требале дури десет години за да закрепне.

Морала да оди на терапија, почнала да води подобра грижа за неа и постепено да го остава лошото минато зад себе.

prvo-beshe-harizmatichen-no-stana-nasilen-mi-ja-zapali-celata-obleka-2-godini-se-podgotvuvav-da-izbegam-06.JPG

Во 2020-та сретнала и нов партнер. Иако поради искуството со првиот сопруг се плашела од интимност, со текот на времето сфатила дека може да му верува.

„Ни требаше време мене и на ќерките да почнеме да му веруваме и некогаш толку многу се плашев, што го оттурнував.

Но, тој секој ден ми кажуваше дека ќе биде овде за мене и за моите ќерки и по некое време можев да му верувам“.

Почнале да живеат заедно, годинава таа дури и го запросила, а сега ја планираат венчавката.

„Ова беше мошне важна година за нас. А, јас сум доказ дека не само што можете да го преживеете семејното насилство, туку и животот може да ви стане подобар.

Можете да ја најдете љубовта од вашите соништа и после тоа“.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg