Преплашен е од неа, таа има дечко: Најлудите теории на заговор за бракот на Доналд и Меланија Трамп

Доналд се плаши од Меланија

Доналд делува како личност која нема страв од никого. Но, поранешна вработена во Белата куќа тврди дека се плаши од само една личност – неговата сопруга.

„Ако Меланија виде нешто на вести што не ѝ се допаѓа, може да го искара и да му рече да престане да го прави или зборува тоа. Мислам дека од сите луѓе во Белата куќа, ја слуша само неа“.

Дури и кога биле во прашање важни одлуки, соработниците на Доналд се консултирале и со Меланија ако сметале дека претседателот треба да се премисли за нешто.

„Меланија може или да му помогне да успее, или да го уништи. Таа ги знае сите негови тајни“, додава поранешната вработена.

preplashen-e-od-nea-taa-ima-dechko-najludite-teorii-na-zagovor-za-brakot-na-donald-i-melanija-tramp-02.JPG

Меланија го мрази Доналд

Едно е Меланија и Доналд да водат одвоени животи. Но, според некои извори, меѓу нив не само што нема љубов, туку Меланија дури и го мразела сопругот.

„Сум сретнал само една личност што го мрази Доналд повеќе од Меланија. Таа го мразеше и кога го снимаа неговото реално шоу The Apprentice.

Доаѓаа во различни автомобили и таа не му кажуваше ни збор“, вели друг поранешен вработен во Белата куќа.

preplashen-e-od-nea-taa-ima-dechko-najludite-teorii-na-zagovor-za-brakot-na-donald-i-melanija-tramp-04.JPG

Доналд ја изневерувал Меланија, но и таа имала љубовник

Одамна се зборува дека Доналд не ѝ е верен на Меланија.

Шпекулациите се разгореа уште повеќе откако порно актерката Сторми Даниелс изјави дека Доналд ѝ дал пари за не кажува дека спиел со неа.

Но, има гласини и дека Меланија е неверна, па дури и дека има дечко за кој Доналд знае.

„Да, Меланија има дечко. Тој е главен на обезбедувањето на Tiffany’s. Нејзиниот брак со Доналд е само договор“, има изјавено познаник на Меланија.

preplashen-e-od-nea-taa-ima-dechko-najludite-teorii-na-zagovor-za-brakot-na-donald-i-melanija-tramp-03.JPG

Планирале да се разведат пред Доналд да се кандидира за претседател

Некои извори тврдат дека Доналд и Меланија биле подготвени да се разведат, но останале заедно бидејќи Доналд бил избран за претседател.

„Тогаш Меланија не живееше со него, туку со дечко ѝ. Мислам дека имаа договор – ако Доналд ги изгуби изборите, ќе се разведат.

Но, тој победи, па мораа да направат нов договор‘.

preplashen-e-od-nea-taa-ima-dechko-najludite-teorii-na-zagovor-za-brakot-na-donald-i-melanija-tramp-08.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Белата како спокој и мир во гласниот свет“ – Pantone ја објави бојата на 2026 година Cloud Dancer е прогласена за боја на 2026-та година од Pantone - насекаде ќе гле...
Човечки заби, мумифицирана мачка: Морничави работи што луѓето ги нашле во своите домови Замислете откако ќе си купите куќа и ќе ја реновирате, во неа да почнете да наоѓ...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg