Освои 2,4 милијарди долари, го обвинуваа дека го украл добитното ливче: Кој е најголемиот добитник на лотарија во светот?
По пожарот Едвин купи 15 плацови и беше критикуван дека ја злоупотребува катастрофата за профит.
Моментално тој гради куќи на плацовите, но тврди дека нема да ги издава, туку сака да ги продаде и на тој начин да биде од помош за заедницата.
За разлика од некои добитници на огромни суми на лотарија, Едвин Кастро изгледа дека добро управува со своето богатство и паметно го инвестира.
Но, и тој се соочи со проблеми, што можеби биле и очекувани.
Кратко откако беше откриен неговиот идентитет, Едвин доби тужба според која тој не бил вистинскиот сопственик на добитното ливче.
Тужбата беше поднесена од маж по име Хозе Ривера чија приказна е навистина конфузна.
Според Хозе Ривера, ливчето било негово, но му било украдено од газдата на станот во којшто живеел.
Потоа бил уценуван за ливчето, но Хозе не попуштил, па на крај добивката завршила кај Едвин.
Хозе воопшто не објаснува како ливчето завршило кај Едвин и поради недостаток од докази, тужбата беше отфрлена.
Во меѓувреме се огласија од американската лотарија со став дека добитното ливче дефинитивно е на Едвин.
А, благодарение на неговата голема добивка, 1 милион долари доби и бензинската станица од каде што го купил ливчето.
Спирова С. | Црнобело