„Проколнатата“ експедиција што завршила со канибализам: Барале премин низ Арктикот, но се заглавиле во вечниот мраз

Во 19-тиот век експедиција со два брода тргнала кон Арктикот за да најдат скратен поморски пат до Азија. Кога по три години бродовите не се вратиле назад, спасувачкита експедиција откриле дека екипажот се соочувал со труење од олово и глад која ги натерала да почнат да ги јадат мртвите.

prokolnatata-ekspedicija-shto-zavrshila-so-kanibalizam-barale-premin-niz-arktikot-no-se-zaglavile-vo-vechniot-mraz-01.jpg

Денес одењето на Арктикот може да се смета за најобично патување – секако, ако можете да си го дозволите.

Но, во 19-тиот век ова бил подвиг кој значел патување во сурови услови, а во некои ситуации и смрт.

Овој период морепловците немале целосна мапа на Северниот Пол, но ова не ги спречувало да се впуштат во опасна авантура од која било неизвесно дали ќе се вратат.

Оттогаш до денес, до Арктикот биле направен низа успешни експедиции, но една од најпознатите несомнено е таканаречената Френклинова експедиција од 1845 година.

prokolnatata-ekspedicija-shto-zavrshila-so-kanibalizam-barale-premin-niz-arktikot-no-se-zaglavile-vo-vechniot-mraz-07.JPG

Експедицијата ја сочинувале два брода – Erebus и Terror – а нејзината главна цел била да најде премин од Атлантскиот до Тихиот Океан, преку Северноледениот Океан, познат и како Северозападен Премин.

Екипажот на двата брода го сочинувале вкупно 129 мажи, но по три години од почетокот на експедицијата, не преживеал ниту еден.

Кога нивните тела биле пронајдени, имало знаци на неисхранетост, труење од олово, но и канибализам.

prokolnatata-ekspedicija-shto-zavrshila-so-kanibalizam-barale-premin-niz-arktikot-no-se-zaglavile-vo-vechniot-mraz-03.JPG

Па, што им се случило?

Пронаоѓањето на Северозападниот Премин било од големо значење за светските сили во минатото.

Преминот бил како скратен пат до Азија, преку кој би се избегнало долгото патување околу Јужна Америка.

Но, поради вечниот мраз на Северниот Поларен Круг, многу експедиции не успеале во подвигот да го најдат.

На почетокот од 19-тиот век, неколку британски експедиции се обиделе да го пронајдат и иако не направиле значаен прогрес, сепак успеале да отфрлат неколку можни рути и со тоа да ја намалат областа за барање.

prokolnatata-ekspedicija-shto-zavrshila-so-kanibalizam-barale-premin-niz-arktikot-no-se-zaglavile-vo-vechniot-mraz-12.JPG

Мотивирани од ова, во 1945 година Британците решиле да испратат уште една експедиција која конечно ќе го пронајде преминот.

Под водство на офицерот сер Џон Френклин, двата брода тргнале на пат со екипаж од 110 морнари и уште 23 офицери.

Сер Џон Френклин бил идеален избор за експедицијата бидејќи веќе имал пловено до Арктикот.

Бродовите за експедицијата, пак, биле тогаш технолошки најнапредните – имале мотори на пареа и биле зајакнати со железо за да можат да се движат низ арктичкиот мраз.

prokolnatata-ekspedicija-shto-zavrshila-so-kanibalizam-barale-premin-niz-arktikot-no-se-zaglavile-vo-vechniot-mraz-10.JPG

Двата брода биле опремени со храна доволна за околу три години. Бродовите биле товарени со речиси 45 тони конзервирана храна, 60 тони брашно, 4.500 килограми чоколадо и околу 13.000 литри алкохол.

Конзервираната храна била нарачана помалку од два месеца пред почетокот на експедицијата, па била спакувана набрзина. И, се верува дека донекаде и ова имало удел во пропаста на морнарите.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „ради... Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика к...
Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава