„Проколнатата“ експедиција што завршила со канибализам: Барале премин низ Арктикот, но се заглавиле во вечниот мраз
Бродовите тргнале од Лондон на 19-ти мај 1845 година и се упатиле кон Гренланд.
Во Гренланд направиле пауза, каде што пет морнари биле избркани од експедицијата, а во јули истата година двата брода тргнале кон Канада.
Морнарите последен пат биле видени живи од ловци на китови во Канада, кон крајот на јули.
Целата експедицијата требало да трае око три години, па кога наближила 1848 година, станало јасно дека нешто не е во ред штом нема никаков знак од морепловците.
Пролетта во 1848 година, британските власти испратиле спасувачка експедиција, но тие не успеале да ги лоцираат бродовите и екипажот сè до 1850-та.
Но, тогаш веќе било предоцна.
Спасувачите прво нашле напуштен камп на канадски остров во Арктичкиот Круг.
Пронајдиле и три мртви тела на членови на екипажот кои биле мумифицирани од студот, а кај едниот од нив имало траги од труење со олово.
Одовде се родила претпоставката дека оловото потекнува од конзервираната храна која не била соодветно приготвена.
Дури во 1954 година биле откриени други информации за експедицијата, кога истражувач сретнал Инуит кој тврдел дека пред неколку години сретнал неколку луѓе од екипажот.
Тој му кажал дека овие мажи умреле од глад.
Слични информации добил и од други Инуити, а некои му кажале дека забележеле голема група мажи која влечела чамци по копното.
Иниутите исто така нашле и бројни трупови, а поради фактот што биле искасапени, било многу веројатно дека морнарите биле принудени на канибализам за преживеат.
Потоа, во 1859 година била најдена порака на остров во Северниот Поларен Круг која открила што ѝ се случило на експедицијата.
Пораката била датирана на 25-ти април 1848 година и била потпишана од двајца офицери.
„Бродовите Terror и Erebus беа напуштени на 22-ри април откако беа заглавени во мраз од 12-ти септември 1846 година.
Офицерите и екипажот од 105 души, под водството на капетан Ф. Р. М. Крозиер, пристигнаа овде.
Сер Џон Френклин почина на 11-ти јуни 1847 година, а досега вкупниот број на смртни случаи е 9 офицери и 15 морнари“.
Од пораката станало јасно дека бродовите се заглавиле во мразот во 1846 година, додека биле на пола пат.
Луѓето поминале цели две години на бродовите, пред да одлучат да ги напуштат и да тргнат пеш за да побараат помош.
Нивниот план бил да одат по мразот и да стигнат до копно, носејќи со себе резерви храна спакувани во чамци кои ги влечеле.
Вo наредните неколку децении биле правени низа истражувања кои откриле сè пострашни и пострашни детали за судбината на екипажот.
Мажите се соочувале со глад, изложеност на студ, труење од олово, како и скорбут, состојба која настанува при недостаток од витамин Ц во организмот.
Не сите членови на екипажот се движеле заедно – некои останувале назад, некои се одделувале од главната група, некои биле напуштени.
И, веројатно не сите се потпреле на канибализам со надеж дека ќе преживеат.
Бродовите од експедицијата биле најдени дури 170 години подоцна.
Во 2014 година Erebus бил откриен на дното на океанот во близина на канадски остров, додека Terror бил најден јужно од истиот остров.
Спирова С. | Црнобело