Животни стории: Браќата Кларк стареат наназад

Двајца средовечни браќа кои некогаш имале фамилии и постојана работа, сега се приморани да живеат со своите родители затоа што им е дијагностицирана ретката болест леукодистрофија, од која, како филмскиот лик Бенџамин Батон, стареат наназад.

zivotni-storii-brakjata-klark-stareat-nanazad

Метју (39) и Мајкл (42) си играат со вовчиња додека околу нив се расфрлени фигури од Монопол, а на ТВ оди цртан филм.

Ова ретко генетско пореметување го напаѓа миелинот, или белата маса на нервниот систем, `рбетниот мозок и мозокот.

Во случајот на браќата Кларк оваа болест не наштетила само на физичките способности, туку и на емотивната и менталната состојба.

Во април, кога британските весници за прв пат пишуваа за браќата Кларк, нивната ментална состојба била на ниво на 10 – годишници. Денес се уште помлади во главата.

- Како бебињата, и тие се будат често во текот на ноќта. Но, нема да станат слатки дечиња. Телата остануваат на возрасни мажи, што е сосема друго ниво на проблемот, вели нивната мајка.

Моментално јадат нормално, но прашање е кога и тоа ќе стане проблем, исто и одењето... Метју користи инвалидска количка, а Мајкл сè потешко стои сам на нозете.

Иако некои облици на оваа болест се излечиви ако се откријат во најраната фаза и не предизвикуваат комплетна емотивна регресија, за жал за браќата Кларк не постои лек.

Би можело да ве интересира:

Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерува... Првата сопруга на Ајнштајн, Србинката Милева Мариќ, бла гениј исто како и физича...

Најчитани неделава