Што вашата пријателка не сака да слушне?

Не ја негираме важноста на вистината, но понекогаш за да се зачуваат вредностите на пријателството пожелно е да се премолчи.

sto-vasata-prijatelka-ne-saka-da-slusne-1

Избегнувајте ги овие три реченици, во било кој облик за да ги избегнете непријатните ситуации во кои многу лесно може да ве вовлечат.

„Си се здебелила“

Секоја девојка сака облеката да и прилега совршено. Но, ако тоа не е така, тогаш за тоа не се виновни вишокот килограми, туку дизајнерите на тој фустан кој очигледно го шиеле по најслабата девојка на светот. Утешете ја, на крајот од краиштата таа ви е најдобрата пријателка!

„Те изневерува“

Не ви предлагаме да оставите некој да прави будала од вашата најблиска пријателка, но внимавајте како тоа ќе го соопштите. Понекогаш подобро е тоа да го направи и трета личност. Често среќната врска е толку заслепувачка, што на крајот вие може да бидете „љубоморна на нивната врска“, а тоа е нешто што најмалку ви е потребно и вас и на вашата пријателка.

„Баш му е згодна новата девојка“

Сите останати девојки на нашите бивши се непривлечни и по малку смотани, барем кога станува збор за некој кој ве откачил. Затоа не дотурајте сол на раната, напротив, кога ќе почнете со негативните коментари, колку тоа и да не го мислите. Поважно ви е пријателството од признанието дека нечија девојка е згодна, зар не?

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Стаклена туш кабина во соба, ТВ над врата на тоалетот - 14 хотели кои како да сакаат намерно да ги и... „Моите родители престојуваа во хотел во кој требаше да добијат и појадок. Секое ...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...
Основни правила за носење чанта кои секоја девојка со стил треба да ги знае Не одете на формални настани со приврзоци на чантата кои делуваат детски или тро...

Најчитани неделава