Единствените острови каде уште има скриено богатство

На островите каде што сè уште човечката нога не успеала да стапне, постојат многу вредни богатства. Посебниот календар кој беше направен во 2011 година, открива кои се ретките места на кои сè уште се кријат овие богатства.

edinstvenite-ostrovi-kade-uste-ima-skrieno-bogatstvo-01

Некои приказни се веројатно само празни легенди, но за други важи старото правило: „Каде има чад, има и оган.“

Ова се островите на кои веројатно постои скриено богатство:

Lord Howe, Австралија

На островот во морето Тасман, во 1830 година, китоловец број носел товар од над 6000 фунти во златници. Екипажот успеал да се спаси, а богатството било закопано некаде на островот.

Norman Island, Британските Девствени острови

Островот во Карипското море многумина го нарекуваат и „Остров на богатството“ токму заради една од трите пештери во кои се верува дека има големи количини на злато.

Oak Island, Канада

Овој остров се споменува во голем број на легенди. На него наводно се наоѓа златото на капетанот Кид, но веќе околу 200 години на овој остров не е пронајдено никакво богатство.

edinstvenite-ostrovi-kade-uste-ima-skrieno-bogatstvo-1

Ailsa Craig, Шкотска

Гласините за скриеното богатство во близина на западниот брег на Шкотска се стари со векови. Но, недостапноста на овој остров е можеби една од главните причини зошто богатството на овој остров е само легенда.

Tollow, Германија

На најголемиот ненаселен остров во Германија, се наоѓа гробот на многу познат германски гусар кој е осуден на смрт уште во 1401та година. Тој е закопан на овој остров, во ковчег од чисто злато.

Fregate Island, Сејшели

Сејшелите се составени од 115 острови, помеѓу кои се наоѓа токму Fregate Island кој многу гусари со години го користеле како скривалиште. Славниот La Buse, кој е исто така осуден на смрт во 1730та година, се верува дека целото свое богатство го закопал токму тука. За неговото богатство оставил и точна локација, со дадени координати, но сепак ова богатство не е пронајдено.

edinstvenite-ostrovi-kade-uste-ima-skrieno-bogatstvo-2

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...

Најчитани неделава