Најубавите пријателства од ТВ екраните

Некои од најдобрите телевизиски пријателства се премногу потценети, додека за другите константно се зборува со тони пофалби. Следната листа е комбинација на двете телевизиски пријателства.

najubavite-prijatelstva-od-tv-ekranite-1

Тед, Барни и Маршал

Во серијата „Како ја запознав вашата мајка“ можеме да забележиме едно огромно, нераскинливо пријателство помеѓу овие три момци. Интересен е Барни кој постојано се бори за љубовта на Тед. Она што овие тројца момци ги прави едни од најдобрите пријатели од малите телевизиски екрани е фактот дека се секогаш тука еден за друг, без оглед на околностите.

najubavite-prijatelstva-od-tv-ekranite-2

Џои и Чендлер

Кога ја гледате серијата „Пријатели“ е невозможно да издвоите само двајца омилени ликови чие пријателство вреди да се спомне. Меѓутоа, мора да признаете дека пријателството на Џои и Чендлер е навистина посебно. Нивниот однос е најзабавен токму поради неверојатно лесниот и едноставен смисол за хумор. Меѓутоа, кога ќе се занемари хуморот и шегите, тие и понатака се жртвуваат еден за друг, што е прекрасно за гледање.


najubavite-prijatelstva-od-tv-ekranite-3

Шелдон и Пени

Ова пријателство го сметаме едно од потценетите и незабележаните, а силни пријателства. Често кога се зборува за серијата, многумина го забораваат односот на Шелдон и Пени. Понекогаш се навистина себични, но сепак тука се еден за друг.

najubavite-prijatelstva-od-tv-ekranite-4

Вилсон и Доктор Хаус

Ова е едно од пријателствата на кое не можете да останете рамнодушни. Вилсон и Доктор Хаус успеваат да ве растажат, усреќат, налутат, насмеат и да ве натераат да размислувате за работите за кои инаку не би ви текнало. Претходните неколку пријателства спаѓаат во хумористичен стил на пријателства, додека ова на Вилсон и Хаус е доста драматично. Во нивен случај, акцентот е ставен на прекрасното пријателство на две возрасни лица и вистинските вредности кои следуваат со него.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...

Најчитани неделава