Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


За среќа е потребно малку

Денешното темпо на животот станува сè понапорно. Бројот на активностите секогаш се зголемува како и очекувањата кои светот ги има од нас, како и ние од самите себе.

za-sreka-e-potrebno-malku-01

Никој не е препуштен на задоволствата онолку колку што би требало. Имаме пријатели, но немаме време, имаме идеи, но немаме можности да ги оствариме...

Иако ова несовршено брзо темпо звучи напорно, понекогаш дозволете си да се разгалите. Еве неколку начини како да ги избегнете стресните ситуации и да побегнете од секојдневните грижи.

Миризлива купка

По напорниот ден, досадниот шеф, многуте состаноци и луѓето кои постојано ви додеваат - наполнете ја кадата до врв, ставете миризлива купка, запалете неколку свеќи и угодете им на сите сетила.

za-sreka-e-potrebno-malku-1

Јога

Физичките вежби се неопходни за телесното и менталното одржување на организмот. Медитацијата го успорува темпото, ги опушта сетилата, мускулите и ни помага да го осознаеме хармонијата и мирот.

Книга

Читањето на добри книги претставува препородување на душата и мозокот. Читањето на квалитетните и содржајни книги ќе ви помогне да се развивате на секое можно поле.

Кафе со најблиските

Разговорите и топлото вкусно кафе секогаш се добредојдени. Разговарајте, дружете се и ширете позитивна енергија. По ваквото дружење ќе ги наполните батериите и ќе бидете подготвени за нови успеси.

Дружење со домашниот миленик

Научно е докажано дека домашните миленици ја подобруваат хармонијата во животот. Ако имате некое мало милениче кои безусловно ве сака, не се воздржувајте од неколку минутно дружење со него.

za-sreka-e-potrebno-malku-2

Потрудете се да најдете време за активностите кои ги сакате. Иако е тешко, не е невозможно.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
6 придобивки од читањето (кои се доказ дека треба да се фатите за книга веднаш) Читањето е помоќно од гледање филм. Додека сме потонати во приказната, нашите пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg