Чекор по чекор: мафини во облик на пиле

Малото пиле е идеален украс за традиционалниот мафин кој можете да ја украси празничната трпеза. Обидете се да ја совладате оваа вкусна декорација.

cekor-po-cekor-mafini-vo-oblik-na-pile-1

Потребни состојки:

4 јајца, 350 г шеќер, 250 мл масло, 200 мл млеко, 500 г брашно, 2 прашоци за пециво, 60 г вишњи.

cekor-po-cekor-mafini-vo-oblik-na-pile-2
Добро изматете ги јајцата, шеќерот, маслото, млекото, брашното, па додајте го прашокот за пециво.  Хартиените корпи наполнете ги до половина со смесата, па во секоја ставете по едно лажиче исцедени вишни, па преку нив дополнете уште малку од смесата. Мафините се печат 20 минути на 160 степени.

cekor-po-cekor-mafini-vo-oblik-na-pile-3
 Марципан масата поделете ја на два дела, па едниот со боја за колачи обојте го бело, а другиот жолто. Развлечете кора па со поголема чаша отсечете бели кругови, а со помала чаша направете жолти кругови.

cekor-po-cekor-mafini-vo-oblik-na-pile-4

Сварете павлака, па во неа ставете чоколадо. Кога ќе се излади, изматете крем и со него лепете ја декорацијата на мафините. Прво залепете го жолтиот круг, па преку него белиот. Внимателно, средината на белиот круг исечете ја во облик на ѕвезда. Подоцна тој дел ќе ви послужи како капа.

cekor-po-cekor-mafini-vo-oblik-na-pile-5
Потоа на ред доаѓаат главата, клунот и чоколадните очи.

cekor-po-cekor-mafini-vo-oblik-na-pile-6

И за крај капата!

Уживајте во декоративните мафини со сите сетила!

Би можело да ве интересира:

„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерува... Првата сопруга на Ајнштајн, Србинката Милева Мариќ, бла гениј исто како и физича...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Бев единствена преживеана во авионска несреќа – поминав 8 дена во џунгла, со скршена нога и мртви т... „Се разбудив во џунглата. Врз мене имаше нешто тешко и кога пробав да го тргнав,...
Љубовницата му носела други жени, живее раскошно во Русија по падот на неговиот режим: Кој е поранеш... Поранешниот сириски претседател кој го споредуваа со диктатор по падот на негови...

Најчитани неделава