Подгответе вкусни велигденски зајчиња

Овие мали симпатични зајачиња се наједноставната декорација со која може да ги изненадите најмладите овој Велигден. Искористете го едноставниот рецепт и интересната постапка со која ќе ги обликувате ушињата и очите на малите слатки зајачиња за да направите нешто необично и интересно на вашата празнична трпеза.

podgotvete-vkusni-veligdenski-zajcinja-01

Потребни состојки:

  • 2 до 3 чаши сенаменско брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 1 пакување квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 чаша павлака
  • 2 лажици путер
  • ¼ чаша вода
  • 1 јајце


Начин на подготовка:

Ставете го путерот, павлаката и водата во мал сад и загревајте, но да не зоврие. Оставете го да се излади и додадете ги останатите состојки. Ставете ја смесата и миксирајте додека не добиете еднолично, густо тесто од кое ќе можете да обликувате топчиња.

Раздвојте го тестото на 16 делови и би требало да добиете топчиња со средна големина. Наредете ги на хартија за печење, во тава и кога тестото е уште меко земете ножички и сецнете ги ушињата како на сликата. Потоа можете да ги декорирате очињата со по едно зрно бибер или пак да направите мали дупчиња.

Печете на 375 степени околу 10тина минути или додека не заруменат.

podgotvete-vkusni-veligdenski-zajcinja-02

podgotvete-vkusni-veligdenski-zajcinja-03

Можете да ги комбинирате со вкусни салати, сосови и месо или пак со сладок мармалад и крем. Имаат неутрален вкус кој навистина ќе ви се допадне во секоја комбинација.

Уживајте!

Би можело да ве интересира:

„Ме киднапираа сомалиски пирати – 11-годишно дете ми се закануваше со пиштол, поминав 3-месечен пеко... „На секои пет денови, се менуваше групата мажи што нè чуваа. Повеќето беа само ч...
Како да се спакувате во една торба (или рачен багаж) за одмор? Спакувајте се во што е можно полесна торба и размислете дали некои продукти, как...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
14 вешти луѓе кои со свои раце создадоа мали ремек-дела (фото) „Со часови гледав во фотографијата од мојот миленик пред да направам приврзок со...
10 причини зошто стоите во „мртва точка“ (и не можете да си го промените животот) Сакате веднаш да видите резултати, немате стратегија и тврдоглави сте. Сакате...

Најчитани неделава