Победете го празничниот мамурлук

Скара, салата, домашна ракија, пиво, вино... Ви звучи познато? Доколку не ви е лесно да станете и да продолжите со празнувањето по само една вечер помината во овој стил, ви помагаме со неколку едноставни совети како да го преживеете празничниот мамурлук.

pobedete-go-praznicniot-mamurluk-01

Ако веќе сте претерале, па утрото ве боли глава, ви се лоши од сè што ќе помирисате, еве како брзо да се оправите и до попладнето повторно да почнете со славење.

Вода

Ако не се сетивте дека пред спиење треба да ставите барем една чаша со вода до креветот, и откако ќе се разбудите не е доцна. Двојно поголемата количина на вода ќе му помогне на вашиот организам да се избори со дехидратацијата. Ако вечер планирате да продолжите со пиењето, гледајте измеѓу секоја чашка да испиете барем половина чаша вода.

Избегнувајте кафе и млеко

Иако сте исцрпени и изморени, па кафето ви се чини како идеално решение за будење, избегнувајте го. Кофеинот само повеќе ќе ви наштети на стомакот. Млекото и останатите млечни производи исто така не се добра идеја, бидејќи и од нив може дополнително да ви се јави чувство на мачнина и гадење.

pobedete-go-praznicniot-mamurluk-02

Џус или овошје

Сокот од портокал секогаш е одлична идеја. Витаминот Ц ќе ви ја врати енергијата, а антиоксидансите ќе му помогнат на организмот да се прочисти од отровите. Малата количина на овошје може значително да ја зголеми свежината на телото.

Мед

Брцнете една лажица во мед или додајте една лажичка мед во вода или чај. На овој начин ќе го ублажите чувството на гребење на грло или пак сува кашлица која само ги зголемува мачнините.

Тост или двопек

За да не исфрлите сè што ќе внесете во вас, наместо стандардниот појадок обидете се денот да го започнете со парче крцкав леб. Така ќе го намалите чувството на глад и ќе го смирите желудникот.

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...

Најчитани неделава