Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 најлуди работи кои фановите ги прават во чест на своите идоли

Ако се запрашувате колку далеку луѓето може да одат, само за да направат чест или да искажат љубов, овие неколку случки ќе ви разјаснат многу нешта. Човечката храброст може да оди многу подалеку од што замислувавте.

10-najludi-raboti-koi-fanovite-gi-pravat-vo-cest-na-svoite-idoli-01

Подлегнал под неколку пластични операции, само за да изгледа како Супермен

Херберт Чавез драстично го променил својот изглед во чест на својот идол. Тој претрпел различни процедури, од минимални корекции на брадата до вметнување на огромни силиконски импланти. Херберт за прв пат се изложува под нож во 1995 кога неговата трансформација започнува.

Писмо напишано со менструална крв

Од сите фан писма некогаш упатени кон ѕвездите, ова писмо напишано со менструална крв е едно од најбизарните. Не се знае точната причина зошто е напишано токму со “мастило” кое се користи еднаш месечно, но навистина не изгледа ни малку симпатично.

Водата на Џастин Бибер е продадена за 624 долари

Ема Филипс, 16 годишна девојка од Нов Зеланд, имала одлична шанса да го запознае Џастин Бибер позади сцената на еден негов концерт. Откако Џастин се напил една голтка од шише вода, кое не му се допаднало, Ема го земала шишето и го огласила. Шишето вода било продадено за само неколку минути по вртоглава цена од 624 долари.

10-najludi-raboti-koi-fanovite-gi-pravat-vo-cest-na-svoite-idoli-02

Има 15 тетоважи посветени на Мајли Сајрус

Мажот кој тврди дека оваа поп ѕвезда му помогнала низ најтешките денови од животот, во чест на нејзината слава истетовирал дури 15 тетоважи. Карл МекКоид искрено изјавил дека се надева како некој од блиските на Мајли ќе го забележи овој гест на почит и љубов, па несебично ќе го сподели со неа. Негова цел е лично да ја запознае, за потоа да може мирно да умре.

Ја твитал Ешли Тисдејл точно 18,888 пати

Ешли Тисдејл добила момент на паника кога нејзин опседнат фан и пратил повеќе од 18,000 пораки на Твитер, а потоа се појавил во нејзиниот дом. Пораките биле навистина морничави и се верува дека мажот кој ги испраќал има сериозни проблеми со фантазиите, бидејќи тврдел дека тие двајца се во врска.

Случајно ги украде петте минути на Лејди Гага

На оваа девојка едноставно нема да и одолеете бидејќи се појавува на сцената веднаш до огромна и докажана ѕвезда, а успеа да ја засени после неколку минути. Околу 3тата минута од ова видео погледнете како оваа девојка го краде настапот на Гага.

Пливал во приватниот дел од плажата на Тејлор Свифт

На 15 април оваа година, опседнат фан на Тејлор Свифт беше уапсен заради тоа што намерно упаднал во приватниот дел од плажата. 22 годишниот маж намерно влегол во океанот и се доближил на само неколку метри од нејзината куќа, по што сакал да ја запознае. Но, полицијата на време го забележала случајот, па фанот на Тејлор Свифт разочаран отишол во полициската станица.

Го променила своето име во Канjе Вест

Минатиот април, Линда Реса легално го промени своето име во Канjе Реса Вест. Кога ќе ја прашате зошто, таа одговара дека единствено нешто што сака да докаже со овој гест е љубовта кон Канjе Вест. Исто така и таа има неколку тетоважи посветени на овој рапер.

10-najludi-raboti-koi-fanovite-gi-pravat-vo-cest-na-svoite-idoli-03

Хотел во Лондон преплавен од повици за Џастин Бибер

Џастин Бибер предизвикал бура од јавувања на негови фанови во хотелот во Лондон во кој престојувал. Над 2000 јавувања биле извршени за помалку од 1 час. Фановите се претставувале како негови блиски користејќи ги вистинските имиња на неговите родители и роднини, други пак се обидувале да влезат во собата тврдејќи дека се стриптизети кои тој лично ги порачал. По овие неколку напорни часа, хотелот бил приморан да го промени телефонскиот број.

Скршила нога за да изгледа како Џеси Џеј

Џеси Џеј беше навистина преплашена од веста дека нејзин фан скршил нога само за да изгледа како неа. Тинејџерката ги следела сите детали во животот на Џеси Џеј, па кога таа во 2011 година имаше незгода и ја скрши ногата, таа го направила истото. Дури и пратила писмо и слика во кое пишувало “Ќе направам сè за да бидам иста како тебе!”

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg