7 трикови за лесно пакување на куферот

Сакате да се спакувате за на пат, а да не морате да го жртвувате вашиот стил на облекување? Следете ги следниве неколку трикови кои ќе ви помогнат да се спакувате соодветно за секоја дестинација и пригода и за само неколку минути ќе успеете да го закопчате куферот без никаква мака.

trikovi-za-lesno-pakuvanje-na-kuferot-01

Крупните парчиња облека носете ги на себе

Најмногу место во куферот ќе ослободите ако јакните, мантилите, чизмите или патиките ги носите на себе. Доколку се пакувате за летен одмор, облечете ги чевлите кои зафаќаат најмногу простор или фустаните кои стравувате дека лесно може да се оштетат во куферот.

Замотајте ја облеката

Можеби делува нелогично, но облеката која е замотана во ролни дава најмногу простор во торбите и куферите, а воедно стутканите рабови се минато. Тенките парчиња облека виткајте ги една во друга за да заштедите простор. На овој начин ќе спакувате дупло повеќе облека.

Носете само еден пар фармерки

Љубителите на џинсот можеби ќе се вкочанат од самата помисла, но еден пар фармерки ви се сосема доволни за една недела или десетина дена. Можете да ги комбинирате во многу варијанти, па затоа оставете повеќе простор за маици и кошули, отколку за пантолани.

Фенот не ви е потребен ако одите во хотел

Ако престојувате во хотел избегнувајте да носите фен, шампони, сапуни или пешкири кои значително ќе го растеретат вашиот багажник.

Облека пакувајте ја во кесички, па во чевли

Пополнете ги чевлите со неколку пара чорапи, тенки хеланки или сè што мислите дека нема да се истутка така лесно. Пополнувате ги празнините со мали парчиња облека за да заштедите на простор.

Доволна е една вечерна чанта

Уште еден проблем за оние кои обожаваат мини чанти. Понесете само една, бидејќи тие најчесто се склони кон оштетување, па не се погодни за пакување во патна торба. Обидете се да ја одберете најуниверзалната мини чанта која ви одговара со повеќе пара чевли.

Марамите се пакуваат најлесно

Шаловите и марамите спакувајте ги во која количина и да посакате. Не заземаат многу простор, а се аксесоар кој целосно го менува вашиот изглед.

trikovi-za-lesno-pakuvanje-na-kuferot-02

Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Како да се спакувате во една торба (или рачен багаж) за одмор? Спакувајте се во што е можно полесна торба и размислете дали некои продукти, как...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава