Водич за оптимизам

Докажано е дека оптимистите, во споредба со луѓето на кои чашата им е постојано до пола празна, имаат поздраво срце, подобро се борат со стресот и поретко добиваат мозочен удар.

vodich-za-optimizam-2

Иако сите знаеме дека што и да се случи треба оптимистички да гледаме на работите, сепак тоа е тешко да се спроведе во пракса, особено кога проблемите ќе натежнат.

Сепак, постојат некои општи правила кои ќе ви помогнат да го „навежбате“ вашиот оптимистички поглед на светот.

Благодарност

Ако не сте благодарни за малите, убави нешта кои ви се случуваат, верувајте дека никогаш во животот нема да бидете задоволни. Престанете да ги набројувате вашите промашувања во животот и почнете да бидете благодарни што од тие ситуации сте излегле поцврсти и помудри.

Простување

Најлесен начин да простиме и да продолжиме понатаму е да си кажеме самите на себе дека местото на минатото е само во минатото. Можеби личноста која најмногу ве повредила размислува исто и сака да го избрише минатото. Тогаш, зошто вие би си го уништувале сегашниот момент, живеејќи во минатото. Затворете ги лошите поглавја во вашиот живот и продолжете.

Глума, завист и љубомора

Кога на некого му завидуваме само се повредуваме самите себе. Помирете се со тоа дека некој друг е подобар од вас во некоја област, а вие во друга. Канализирајте ја енергијата за да станете вие подобри, а не за да наштетите на другите. Нека туѓиот успех ви биде мотив и самите да го постигнете.

Повеќе смеење

Кога сме среќни создаваме позитивно опкружување кое ги привлекува и другите. Од друга страна, кога се муртиме ги бркаме луѓето од себе. Среќата, па и кога е во мали количини, лачи серотонин – хормон на среќа, со чија помош и најтмурните денови можеме да ги пребродиме.

Вежбање и витамин Д

На сите нас ни е потребно вежбање и сончева светлина, барем 15 минути во денот. Ако нема природна светлина, посоветувајте се со лекар како да земате витамин Д. Ако не можете да најдете време за вежбање заради густ распоред користете ги скалилата место да влегувате во лифт.

vodich-za-optimizam-1

Исхрана

Консумирајте што повеќе овошје и зеленчук. Енергијата која ја добиваме со вежбање, здрава исхрана и изложеност на светлина, прават да бидеме фокусирани и влијаат на нашето расположение.

Позитивен став за иднината

Замислете дека ве чека сјајна иднина, дури и ако во моментот ви се руши светот врз глава. Ако утре ве чека тежок испит, замислете си дека веќе држите диплома во рака. Материјализирањето на работите во нашиот ум, даваат ист ефект во реалноста.

Не обвинувајте ги другите

Најлесно е да обвините некој друг за она што вас ве снашло во животот. Кога еднаш ќе прифатите дека сè контролирате вие, ќе сфатите дека и оптимизмот и успехот доаѓаат природно.

Минатото не е проект за иднината

Само затоа што животот не ве галел во минатото, не значи дека она што почнало лошо – така и мора да заврши. Не се навраќајте многу во минатото, туку гледајте пред себе. Сите препреки на патот кои ќе ве снајдат, сфатете ги како нормални пречки до целта која вие секако ќе ја постигнете.

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg