Интересни факти за соништата

Сите ние често сонуваме во текот на ноќта, но сепак многу малку знаеме за соништа. Зошто сонуваме? Што значат нашите соништа? Како треба да ги протолкуваме и дали воопшто треба да бараме значење?

interesni-fakti-za-sonishtata-3

Еве неколку интересни факти кои не сте ги знаеле за соништата.

Соништата можат да ни помогнат во учењето

Ако учите за испит, решавате математички проблем или се обидувате да совладате некоја нова вештина, наместо да „заглавувате“ до доцна во ноќта, одете порано во кревет.

Истражувањата покажуваат дека кога мозокот сонува, ви помага да ги решите проблемите. Тоа е така бидејќи во текот на сонот, нашиот мозок ги обработува, интегрира и разбира внесените информации од претходниот ден.

За подобар квалитет на сонот и подобрување на способноста на памтење, избегнувајте секаква бука во спалната, како телевизија и радио.

Најчест сон: Неверство на партнерот

Ако некогаш сте се разбудиле преплашени од сонот во кој партнерот ве изневерува, припаѓате на мнозинството кои имаат вакви соништа.

Испитувањето кое е спроведено на повеќе од 5.000 луѓе покажало дека сонот за неверство ги прогонува поголемиот дел од нив и дека истиот тој сон, се повторува. Ваквиот сон ретко е поврзан со неверство во реалниот живот, а повеќе зборува за стравот од напуштање.

interesni-fakti-za-sonishtata-2

Секоја ноќ сонуваме и по неколку различни соништа

Не сонувате само еднаш во текот на ноќта. Во прашање е цела низа на соништа на кои наутро не се сеќавате, велат стручните лица. Сонуваме на секои 90 минути во текот на ноќта, а секој циклус на сонување е подолг од претходниот.

Првиот сон трае околу 5 минути, а последниот пред да се разбудите околу 45 минути.

Според некои процени, поголемиот број луѓе сонуваат повеќе од 100.000 пати во текот на животот.

И бизарните соништа имаат објаснување

Иако понекогаш и самите сме згрозени од тоа што сме го сонувале и се прашуваме од каде такво сценарио во нашата глава, сепак секој сон има симболика и поврзаност со вашиот живот.

Затоа, наместо што побрзо да го заборавите ваквиот сон, размислете што би можел да значи и да симболизира.

interesni-fakti-za-sonishtata-1

Порака од соништата кои се повторуваат

Често сонувате еден ист сон? Тоа е најчесто сон кој ви носи решение за некој актуелен проблем.

Анализирајте што се појавува во тој сон, како тој сон прави да се чувствувате, дали некој во тој сон е прикажан во негативна конотација иако ви е вам драг?

Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
Хит видео топи срца: Собирачи на отпад му дадоа втора шанса на мечето Вини Пу, откако некој го фрлил... Изгледа вработените во комунална хигиена немаа срце да го уништат засекогаш кади...
Фотки што ќе ве разгневат: Мрзливи мажи кои очекуваат сопругата да им биде и слугинка „Бев отсутна од дома цела недела. Сопругот направил куп со неговата валкана обле...
„Се преселивме во Виетнам на 10 минути од плажа – за сметки и кирија плаќаме 325 € месечно, за храна... „Живееме во Да Нанг и плаќаме 325 евра за кирија и сметки. Во оваа сума се вклуч...

Најчитани неделава