Рецепт за десерт од сладолед

Рецептот е во вид на пена и преставува идеален избор за првите високи температури. Искористете ги јаготките кои се на при крај на сезоната, додајте чоколадо и...животот е убав!

recept-za-desert-od-sladoled

Подготовка:

1. Измијте ги јагодите со студена вода и иситнете ги во блендер.

2. На тивок оган варете 220 gr со 50 ml вода. Кога шеќерниот сируп ќе достигне температура од 110 °C почнете со миксерот да правите снег од 6 белки. Кога шеќерниот сируп ќе достигне температура од 120 ˚C тргнете го од оган и полека во него ставете го снегот од белки додека смесата не се згусне и додека температурата не се спушти на собна.

3. На пареа стопете темно млечно чоколадо, а од 500 ml блага павлака изматете шлаг па рачно измешајте го со снегот од белки мешајќи од дното на садот кон горе додека смесата не се изедначи. Рачно се меша за во смесата да остане што повеќе воздух и да добиеме сладолед како пена.

4. Одвојте една третина од смесата и во неа додајте го стопеното чоколадо и чоколадни капки и повторно мешајте додека смесата не се изедначи, а двете третини од смесата измешајте ги со измиксираните јагоди и повторно мешајте додека сите состојки не се спојат.

5. Во калап за куглоф или тркалезен калап за торта, ставете прво проѕирна фолија и внимавајте да не биде истуткана, потоа ставете ја смесата со јагоди до 2/3 од висината на калапот, а во последната третина ставете го чоколадото, израмнете и покријте со проѕирна фолија. Калапот ставете го во замрзнувач барем 3 часа за да се стегне. Смесата може да се става и во мали калапи.

Напомена:

Пред да се послужи десертот извадете го од замрзнувач на 15-тина минути, сечете го на парчиња и послужете го со овошје или соодветен овошен прелив.

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
„Бев единствена преживеана во авионска несреќа – поминав 8 дена во џунгла, со скршена нога и мртви т... „Се разбудив во џунглата. Врз мене имаше нешто тешко и кога пробав да го тргнав,...
„Цела недела пиев по 3 литри вода дневно – позитивните промени беа поголеми отколку што очекував“ „Најголема промена видов во кожата – лицето веќе ене ми беше суво, туку хидриран...
Митови за преживување кои не се само лажни, туку и опасни Немојте да пиете вода од кактус ако се изгубите во пустина бидејќи ова може да в...
Инфлуенсерка сподели грозен хотелски трик – перење долна облека во кафемат, се соочи со критики (вид... Инфлуенсерка се соочи со куп критики, а се шпекулира дека добила тужба од хотел,...

Најчитани неделава