Вака изгледа првиот подводен хотел во светот
Овој комплекс ќе се изгради на еден од Малдивските Острови. Проектирањето започнало веднаш по потпишувањето на договорот, а самиот концепт дава нова димензија на туристичките услуги.
Подводните активности во внатрешноста на рестораните и спа центрите се покажале како доста популарни меѓу туристите. Овој подводен хотел без сомневање ќе привлече голем број туристи.
По завршувањето на проектот овој објект ќе може да се користи како хотел, спа центар, ресторан, па дури и како приватна резиденција.
Поставен е на океанско тло во кристално чиста вода. Составен е од два типа апартмани - под вода, каде што туристите можат да уживаат во подморскиот свет и апартмани над вода со поглед на морската шир.
Во највисоката точка се поставени ресторан, спа центар, базен со морска вода и тропска градина. На пониско ниво се наоѓаат 21 соба, бар и нуркачки центар, заедно со декомпресирачка соба. Останатите активности на вода вклучуваат истражување на морските длабочини, како и глисери за запознавање на околните острови.
Би можело да ве интересира:





