Природни средства за чист дом

Внесете свежа енергија во домот и подарете му сјај и пријатен мирис без многу хемикалии и штетни производи. Обидете се да постигнете подеднакво добар ефект со овие неколку природни средства за кои не требаат многу состојки, ниту пак долго време за подготовка.

prirodni-sredstva-za-cist-dom-01

Чиста кујна според фенг шуи

Според фенг шуи кујната е здравствената состојба на семејството. Затоа, исчистете ја просторијата во која најчесто јадете, а која е голем расадник на бактерии. Во еден сад ставете млака вода, додајте една лажица јаболков оцет и три капки етерично масло од лимон. Со направената течност вратете им го сјајот на работните површини во кујната, ладилникот и прозорските стакла.

Чисти подови

За чист под потребни ви се етерични масла од чајно дрво и рузмарин. Во голем сад истурете пет литри вода, додајте 15 капки масло од чајно дрво и 10 капки рузмарин. Добивте средство за дезинфицирање кое мириса извонредно.

Чиста облека и гардеробер

Гранчињата лаванда се идеални за оваа намена токму поради прекрасниот мирис, а воедно и штитат од ситни штетници кои може да ја оштетат вашата облека. На самото гранче може да капнете неколку капки масло за поинтензивен мирис.

Природен освежувач

Во 100ml цветна вода на база на пеперминт или сандаловина додадете 20 капки освежувачко масло од грејпфрут, чемпрес или лимон. Комбинирајте само два вида етерично масло и миризливата течност прелијте ја во шишенце со распрскувач. Користете секојдневно, кога и да посакате.

prirodni-sredstva-za-cist-dom-02

Збогувајте се со мувлата

Само две шолји дестилиран бел оцет ќе го реши овој проблем. Оцетот пресипете го во шише со распрскувач и нанесете на местото. Оставете да делува неколку часа, а по желба може и да додадете некоја капка масло со свеж мирис за да се изгуби киселиот мирис од оцетот. По неколку часа делување, избришете со полусува крпа.

Чисти прозорци

За блескави прозорци смешајте половина лажичка течен сапун на база на билки, три големи лажици дестилиран бел оцет и две шолји вода. Пропрскајте го стаклото и избришете со памучна крпа.

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
„Бев единствена преживеана во авионска несреќа – поминав 8 дена во џунгла, со скршена нога и мртви т... „Се разбудив во џунглата. Врз мене имаше нешто тешко и кога пробав да го тргнав,...
Одговори на прашања што сигурно сте си ги поставиле барем еднаш Зошто славиме роденден со торта, но и зошто исечениците од хартија болат толку м...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...

Најчитани неделава