Како да ја сочувате бижутеријата?

За вашата омилена бижутерија да не ви позелени по извесно време, прочитајте неколку мали совети и сочувајте ја да свети со полн сјај.

kako-da-ja-socuvate-bizuterijata-01

Не ја мокрете – Бижутеријата никако не ја потопувајте. Секој пат кога се туширате, одите на базен или слично, симнете го накитот од вас.

Накитот ставајте го последен – Почекајте да се подготвите до крај, па тогаш ставете ја бижутеријата на вас. Парфемите, лосионите за тело и останатите козметички препарати може само да ја оштетат бижутеријата и да и го одземат сјајот.

Во никој случај не ставајте лосион за тело – Ако планирате да носите бижутерија, избегнувајте кожата да ја мачкате со лосион за тело. Тој ќе остави флеки на накитот, кој подоцна може да ви испушти некоја боја на вашата кожа.

Чувајте ја на вистинско место – Дали знаевте дека и воздухот ја оштетува бижутеријата? За да го заштитите својот омилен накит, секогаш чувајте го во кутија за накит. Исто така, никако не го мешајте со други метали и материјали.

kako-da-ja-socuvate-bizuterijata-1

Понекогаш исчистете ја – Сосема е во ред понекогаш да ја исчистите бижутеријата. Можете да користите бебешки сапун, топла вода и четка за заби.

Извадете го додека ја чистите домот – Производите за чистење потполно може да го оштетат накитот, па затоа пред чистење на подовите или прозорците задолжително извадете ја бижутеријата од вас. Кај некои луѓе дури и може да се појави несакана реакција на кожата во вид на алергија заради комбинацијата на метал и средства за чистење.

Не вежбајте со накит – Пред да се упатите во теретана, извадете го накитот од себе. Прво, ќе ви пречи во самото вежбање, а исто така и може да ви создаде алергиски реакции во комбинација со потта.

Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...

Најчитани неделава