Мали утрински ритуали за подобар викенд

Создадете си краток утрински ритуал за да ви се зголеми нивото на задоволство и среќа во текот на викендот. Кога ќе се разбудете посветете неколку минути за овие ритуали за убав ден наместо да го преспивате утрото.

mali-utrinski-rituali-za-podobar-vikend-01

Растегнете се

После осум часа лежење, ова е одличен начин како да го разбудите целото тело.

Пишувајте

Одвојте пет минути и запишете се што ви е на памет. Можеби ќе сакате да запишете тоа што сте сонувале, нешто што ве загрижува или пак листа на работи за кои сте благодарни.

Напијте се нешто топло

Седнете и уживајте во вашиот топол пијалак, кафе, чај или какао.

mali-utrinski-rituali-za-podobar-vikend-02

Јадете нешто здраво и вкусно

Се разбира оброкот мора да биде здрав, па затоа направете вистински избор - од житарици до овошје или зеленчук. Започнете го денот на здрав начин.

Читајте

Одвојте барем пет минути во утринските часови за да прочитате нешто забавно и позитивно.

Медитирајте

За да се релаксирате доволна ви е медитација која ќе трае 5 минути. Седнете, затворете ги очите и фокусирајте се на сопственото дишење. Доколку мислите започнат да ви лутаат, повторно концентрирајте се на своето дишење и останете во таа положба неколку минути.

mali-utrinski-rituali-za-podobar-vikend-03

Играјте

Пуштете музика која сакате да ја слушате и која ве прави среќни и играјте додека се подготвувате за првото излегување во денот.

Дотерајте се за себе

Бидете задоволни од вашиот изглед и во домашни услови.

Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава